2025-та – за некого година на стабилизација и зацврстување на политичката арена, за некого продлабочување кон понорот. За Македонија како држава, ова преставуваше година на свеовидна рехабилитација, за да сега конечно работите тргнат на подобро, како на политички, така и на надворешен и економски план.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победа на локалните избори успеа да се устоличи како неприкосновена партија на поличики план, партија која во моментов никој не може да ја загрози – во свои раце го има претседателското место, владата, мнозинството во Собранието, а сега речиси и селосна контрола врз локалната власт. И покрај акумулиранара моќ, човекот кој ја крена партијата од пепелта, премиерот Мицкоски најави дека ова му е последен мандат како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе работам да ја направам Македонија држава што ќе биде стабилна, дури и кога нема кој да ја брани, затоа што ќе се брани самата. Сите сме свесни дека нашата историја не ја создале лесни времиња, ја создале предизвици, ја создале луѓе што немале привилегија на удобство, изјави Мицкоски на шести декември минатата година.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која има со што да се пофали, опозициската СДСМ под раководната палка на несудениот доктор од Дубаи и верен другар на Заев, Венко Филипче ги доживува своите најцрни денови. На локалните избори, загубија се што можеше да се загуби, вклучително и нивниот децениски бастион Струмица. Но, наместо освестување, Филипче како да е решен заедно со себе во понор да ја однесе и партијата. Сите се виновни само не тој. Го разреши или принуди на оставка целото раководтсво, а при изборот на нови кадри, не донесе ништо ново, или освежувачко. Наместо тоа го пролабочи јазот внатре и почна отворена војна со секој што не се согласува со него.
-Наши поранешни функционери, еден поранешен фунцкионер, други двајца претходно, едниот што не се појавил во јавноста не знам од кога со години, некои луѓе кои што не се веќе во партијата, туку заминале во предавничката ЗНАМ и сега наеднаш излегуваат и се гласни. Што е суштината, раслојување на опозицијата, слабеење од внатре, изјави Филипче на 26-ти декември минатата година.
Сепак, за најголем губитник во 2025-та најверојтано може да се прогласи Али Ахмети и неговата ДУИ. Со поразот на Османи во Чаир, но и губењето на сите поголеми општини кочено заврши детронизацијата на оваа партија. Албанците во Македонија покажаа дека неговата воинствена и националистичка реторирка веќе не пали. Но како и Филипче, така и Ахмети не признава пораз. Отиде до таму да почна да се фали како ја распадал Југославија, најдобро знаел што е национализам, имал некаков План А, кој би сакал да се оствари, а ако тоа не се случи ќе се одело на План Б – ако излезел улица, веќе не се враќал.
-Дали слушате кој победил, зошто да се повлечам од политиката, дали ги сакате разултатите. Одете во ДИК и ќе ви ги верифицираат, ако можете да видите за 25 години дали имало еден пораз на Али Ахмети. (Чаир и Сарај) Во битки има и пораз, изјави Ахмети на 24-ти октомври минатата година.
Анлитичарите се согласуваат дека во последниве 12 месеци на внатрешен план, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ги зацврстиле позиициите, додека СДСМ и ДУИ тонат во политичкото мочуриште.
-Актуелната власт однес убедливе победа, дури во општини каде до тогаш немаше власт, каде се сметаше дека нема доволно сила да ги победи како такви. Од друга страна опозицијата пред се СДСМ ги изгуби скоро сите општини со кои раководеше, единствена позначајна и поголема општина која остана во нивно владение е Центар, се друго со помали или рурални општини. Од друга страна кај ДУИ пак се случи целосен дебакл, тие ги загубија буквално сите градски средини, изјави политичкиот аналитичар Александар Ристевски.
Ваквата состојба на домашен план, донесе и драстична промена на надворешен. По речиси 7 години порази и попуштања, конечно некој во Македонија ја крена рачната за бугарските уцени. Нема влегување во устав се додека не се добијат гаранции дека уцените ќе запрат. Полека и Европската Унија стнува свесна дека нема „како и досега„
-Забележливи се оние потези и чекори кои што ги преземаше нашата дипломатија во остварувањето на средби на различни нивоа со претставниците на институциите на Европската Унија, со нејзините држави членки, како и според мене една од позначајните е што се остварија многу високи средби на нивото на билатералните односи со САД. Претставувањето на нашите позиции, она што значи заштита на нашите интереси на меѓународно поле секако беа дел од таа комуникација, изјави универзитетскиот професор Васко Наумовски.
И додека чекаме на Унијата, власта покажува дека работите нема да стојат во место. Отворен е фронт против криминалот и корупцијата, парите веќе не се трошат залудно, туку се пренаосучуваат кон капитални проекти, односно своевидна обнова. Автопати, железница, авиолонии – се само дел од проектите.
-Ние гледаме 12-13 години градење на автопатската делница меѓу Кичево и Охрид, која беше во тотателн застој, сега гледаме едно турбо темпо каде што веќе пола од автопатот е ставен во употреба. Работата на инфраструктурата како што гледаме е во полн ек. Се надеваме дека за брзо време ќе има резултати, затоа што развојот на државата меѓу друго детерминиран и со инфраструктурна мрежа, изјави Ристевски.
Ако оваа 2025-та година беше година на рехабилитација, следната, по сето ова што се случи ветува многу – дека конечно можеме да добиеме година кога Македонија ќе влезе во период на развој.
Матеја Петровски
