Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Mакедонската полиција се засилува со млади кадри, во најава инвестиции и подобрување на условите за работа

Македонската полиција доби засилување во нови кадри кои ќе се грижат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската полиција доби засилување во нови кадри кои ќе се грижат за безбедноста на државата. 497 кадети кои ја поминаа обуката денеска потпишаа заклетва за чесна и одговорна работа. Министерот Тошковски на новите полициски службеници, им посака успех и од нив побара целосна пожртвувност и посветеност во работата. Местото во кое ја имаат завршено обуката министерот рече дека прераснал во меѓународен акредитиран центар, а најави и нови образовани реформи за уште поквалитетна едукација.

„Благосостојбата и напредокот на едно општество, се темелат на почитување на законите, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, да граидме и да унапредуваме една модерна опремена стручна и професионална но секако и задоволна полиција“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Македонската полиција се засилува со млади кадри кои низ обуката се стекнале со драгоцено искуство кое допрва ќе треба да го применат во нивната работа.

Реклама

„Униформата што ќе ја носиме не е само симбол на авторитет, таа е симбол на доверба, а таа доверба ќе ја стекнуваме секој ден со секој чекор шѓро ќе го правиме и со секоја одлука што ќе ја носиме. Научивме дека полицијата е повеќе од сила, таа е присуство кое носи мир во хаосот“, рече најдобриот кадет во генерацијата 2024 -2025, Владимир Зиморковски.

Освен млади кадри, македонската полиција наскоро ќе добие и сериозна модернизација од сите аспекти.  Министерот Тошковски најави целосна дигитализација, изградба на нови полициски станици, обнова на возниот парк, модерни и фунционални униформи, повисоки плати за сите вработени.

„Се градат и ќе се градат нови полициски станици, се планира обновување на возниот парк на Министерството,нови модерни и функционални униформи, материјално техничко унапредување на сите организациони единици, нова систематизација, која ќе максимизира ефикасност на полицијата“, изјави Панче Тошковски.

Како една од поважните промени која ја најави Тошковски е реактивирање на средното полициско училиште, од каде треба да излезат нови кадри во МВР. На крајот од промоцијата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите полициски кандидати од генерацијата.

Љубиша Владимиров