Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Македонската поетеса Гордана Каракашевска избрана за објавување во британското списание „erbacce-press“

– Поезијата на македонската авторка Гордана Каракашевска ќе биде објавена во британското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Поезијата на македонската авторка Гордана Каракашевска ќе биде објавена во британското книжевно списание „erbacce-press“, откако нејзините песни беа избрани на меѓународен поетски конкурс што привлекува повеќе од 10.000 пријави од автори од целиот свет.

Како што информира авторката, станува збор за конкурс организиран од британскиот независен поетски издавач „erbacce-press“, чиј процес на селекција се спроведува преку целосно анонимен систем, при што жирито ги оценува исклучиво текстовите без увид во имињата, биографиите или националната припадност на авторите.

Во таква конкуренција, поезијата на Каракашевска најпрво влегла во потесниот избор, а потоа била избрана за објавување во претстојното издание на списанието во Обединетото Кралство.

Реклама

Според информациите, уредничкиот тим на списанието во комуникацијата со авторката оценил дека нејзините песни се „одлични“, посочувајќи дека биле позитивно прифатени од сите членови на редакцијата.

Објавувањето во „erbacce-press“ претставува значајна меѓународна афирмација за македонската поезија, имајќи предвид дека станува збор за отворен конкурс со глобално учество и селекција на автори од различни јазични, културни и книжевни средини.

Со оваа објава, делото на Каракашевска станува дел од меѓународна поетска селекција во која се застапени автори од повеќе континенти, а нејзината поезија добива поширока видливост надвор од националните книжевни рамки.