Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Mакедонската метропола „каска“ зад другите, Скопје тоне во сивило во пресрет на Новогодишните празници

Македонија во сивило пред Новогодишните празници. Додека регионот и светот се радуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во сивило пред Новогодишните празници. Додека регионот и светот се радуваат за наближување на Новата Година, кај нас, само одредени општини поставија елка, но не и главниот Град. Во недостаток на празничната магија, изминатиот продолжен викенд граѓаните ги наполнија Солун и Белград.

На само три недели до Новата година, македонската метропола сè уште не е украсена. Без празнична еуфорија, на Скопје му се случува истата песна како лани, кога се чекаше 5 до 12, за колку толку да се дека по некоја улица светнува.  

Во моментот на централниот плоштад владее сивило. Божиќен базар нема, а улиците во центарот на градот зјаат празни, без елка, светилки и новогодишни украси. Ваква е сликата сега во Скопје, тажна и без никаква еуфорија.

Реклама

И додека во Градот и натаму не се чувствува позитивна новогодишна енергија, надлежните не ни најавуваат кога ова би се променило.  На прашањата на Алфа одговор не стигна.

Граѓаните сакаат градот да биде украсен и накитен, по теркот на соседите, за колку толку да се почувствува дека ја оставаме, за многумина, тешката година зад нас.

  • Ова е сивило сега и мора да се додаде душа на градот. Сигурно дека треба да се украси, и тоа како и секоја друга метропола. Прво да се исчисти, после да се украси. Гледајте што прават помалите општини, а Скопје, на што личи ова, катастрофа, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа.

Скопјани велат дека мора локалната власт да покаже поголема сериозност, и барем малку да се огледа на европските метрополи.

Инаку, и лани Скопје почна да се украсува дури по 15. декември. За годинава останува да почекаме да видиме кога тоа ќе се случи. Чудно е што метрополата е завиена во сивило, додека одредени помали општини поставија елка, и ги украсуваат плоштадите. Во регионот, пак, веќе се чувствува празничната атмосфера.

Покрај соседните Белград, Софија, Тирана и Атина, новогодишна магија владее и во Амстердам, Лондон, Рим, Париз, Барселона. Во новогодишен сјај е дури и Киев кој светна и покрај двегодишната војна.

Борис Грујоски