Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Прилози

🎥 Македонската индустрија оди напред: Раст на индустриското производство од 4,1 проценти во јули годинава во однос на лани

Македонската индустрија продолжува да се развива со позитивни чекори. Раст на индустриското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската индустрија продолжува да се развива со позитивни чекори. Раст на индустриското производство од 4,1 проценти во јули годинава во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето најмногу е забележливо во секторот преработувачка индустрија. Најголем раст има во делот на производство на моторни возила, приколки, полуприколки со 26,5 проценти, производството на електричка опрема со 15,3 проценти, производство на машини и уреди со 4,6 проценти.

-Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел, соопштија од ДЗС.

Доказ дека индустријата ја враќа кондицијата е и самиот индекс на индустриското производство за првата половина од годинава, каде се бележи раст од 2,8 проценти раст во однос на истиот период лани. Најголем, речиси двоцифрен раст е забележан во мај. За разлика од истиот месец минатата година тој е повисок за дури 9,4 проценти.

Реклама

Меѓу секторите каде што во јули се бележи пад на динамиката е секторот рударство и вадење камен, каде во однос на јули лани, има опаѓање од 10,4 проценти/ Исто така и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде намалувањето изнесува 7,5 проценти.

Матеја Петровски