Реклама
Македонија

Македонија се подготвува за ЕУ: Владата останува посветена на реформската агенда – предизвиците ќе се надминуваат чекор по чекор

Борба против корупцијата, владеење на правото, функционална јавна администрација, дигитализација, зелена транзиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борба против корупцијата, владеење на правото, функционална јавна администрација, дигитализација, зелена транзиција – ова се дел од областите во кои Македонија мора да спроведе низа реформи за исполнување на реформската агенда на Европската Комисија. Дел од законите веќе се донесени, а владата очекува до крајот на годината со зголемување на динамиката на работа, да бидеме лидери во Западен Балкан по ова прашање. 

Од областа на правосудниот систем треба да се донесат се работи на повеќе закони меѓу кои и законите за Јавни обвинители, Судски совет, за обвинителска служба, судска служба. Треба да се менува и Кривичниот законик и Законот за кривична постапка. Како што рече премиерот Христијан Мицкоски на брифингот со новинарите, главно се бара покачување на платите на судиите.

Законите кои треба да се донесат до крајот на годината се Закон за јавно обвинителство, Закон за Судски совет, Закон за обвинителска служба, Закон за судска служба, Кривичниот законик и Законот за кривична постапка…..  Главното барање е зголемување на платите. Ќе се направи компаративна анализа за да видиме колку земјите членки на ЕУ одвојуваат од буџетот за овие намени. Не се согласуваме да има зголемување на примањата без основа. Го задолживме Министерството за финансии да ја изработи оваа анализа. Во однос на буџетите, барањето е да се одвои 0.8% од БДП за судството и 0.5% за обвинителството, рече премиерот Христијан Мицкоски за брифингот со новинари.

Реклама

Според министерот за европски прашања Орхан Муртезани кој го презентираше напредокот за спроведувањето на Реформската агенда, Собранието има важна улога во однос на спроведувањето на реформите. Клучна е и координацијата со пратениците и со министрите, за во иднина да има уште позасилена динамика.

Останатите чекори, кои сè уште не се исполнети, се однесуваат на буџетски подзаконски акти, праведна транзиција и пополнување на позиции за судии и обвинители. За нив важи грејс период до декември 2026 година. На 15 јули 2025 година е поднесено второ барање за ослободување на средства за 16 чекори во 4 приоритетни области: енергетика, дигитализација, деловна средина и владеење на правото. Од нив, 9 се пријавени како целосно исполнети, 6 делумно, а еден не е исполнет. Финансиската вредност на овие 16 чекори е 70,6 милиони евра, од кои 38,5 милиони евра се однесуваат на целосно исполнетите чекори вклучени во барањето, информираа од Министерството за европски прашања.

За чекорите кои се пријавени како исполнети тече рокот од 90 дена за оценка од Европската Комисија. Според надлежните институции, се очекува да се исполнат чекорите за управување со јавните финансии. Веќе има напредок кај реформата на јавната администрација – донесени се законот за административни службеници и законот за работен однос во јавниот сектор. Како поголем предизвик останува законот за организација на државната управа.

Според премиерот Христијан Мицкоски важно е Македонија да биде подготвена и да ги заврши домашните задачи но паралелно се работи и на откочување на процесот поради билатералниот спор со Бугарија. Тој очекува во текот на следната година, да се подобрат односите и да има позасилена динамика во поглед на изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за двете страни.