Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Македонија-САД: Дипломатската офанзива на Мицкоски и високото ниво на соработка јасно потврдено и од амбасадорката Агелер

Најновите дипломатски иницијативи и променетата македонска надоврешна политика се сигнал за нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите дипломатски иницијативи и променетата македонска надоврешна политика се сигнал за нова ера, во која земјава влегува со решителност и амбиција, да го зацврсти своето место на глобалната сцена. Двете посети на Вашингтон на премиерот во триесетина дена според експертите покажуваат дека односите со САД се на исклучително високо ниво, што го потврди вчера и амбасадорката Агелер која рече дека честите посети на Христијан Мицкоски на Вашингтон, се показател за близината на Македонија и САД и билатералната соработка. По ова, упатените се децидни дека Македонија после подолго време има глас во Вашингтон.

Политичката стратегија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ според поранешниот вицепремиер за евроинтеграции вклучува долгорочни напори, каде нема место за брзи решенија, но дипломатските потези се почеток на една долга патека која има за цел да ја промени Македонија во правец кој ќе обезбеди стабилност и доверба на меѓународната сцена.

Политиката на Мицкоски веќе подолго време настојуваше да направи едно приближување со нивните идеолошки партнери од САД. Гледаме дека политиката на американската десница е далеку попартиортска, суверенистичка, она што посебно радува и треба да се подвлече се напорите на Мицкосоки. Во надворешната политика нема брзи решенија и трикови нема начин со магично стапче да се направи промена, тоа е постојан напор кој бара долго време вложување посети и градење доверба што се прави на овој начин присуство каде се крои глобалната идеолошка политика. Може да се каже дека после подолго време Македонија е чинител во Вашингтон, Македонија има повторно глас, и е слушната таму соработката помеѓу македонија и сад има двостраност, вели Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Реклама

Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски, поагресивниот настап на македонските претставници на меѓународната сцена е рестартирање на стратегијата, која сега предвидува заштита на националните интереси. Зајакнувањето на соработката со САД, пак, ги побива критиките на опозицијата за наводно руско влијание во ВМРО-ДПМНЕ – реторика на неосновани обвинувања која подолго време ја користеше, сега опозициската СДСМ.

Самата посета на Вашингтон потврдува дека има промена во курсот на надворешната полотиика на Македонија и онаа претходна политика на сервилност е напуштена и очлигледно има поместување. Тие обвинувања за руско влијание во партијата. Кога немате аргументи како да одбраниете една политика, за сето она што беше направено претходните години во контекст на надворешна политика нормално дека ќе ги обвините опонентите, а тие имаа кастастрофална политика за идентитетско обезличување, наративот за изолираност и многу дргуи наративи кои сега веќе опозиционата партија ги употребуваше за оцрнување на политиките на ВМРО-ДПМНЕ бил само неуспешен обид за оцрнување, вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.  

По посетата минатиот месец на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Мицкоски своето присуство на годишната политичка конференција на конзервативците од САД повторно се очекува да го искористи за важни билалтерални средби на кои ќе побара поддршка за предизвиците со кои се соочува Македонија.

Експертите очекуваат со оваа дипломатска офанзива да се покаже дека е напуштена претходната политика на сервилност и понизност, со што Македонија ќе се позиционира како активен и почитуван учесник во меѓународните процеси.