Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Mакедонија, посебно главниот град Скопје станува како дивиот запад

Станува ли   Скопје станува див запад?  Првомајскиот викенд го одбележаа случаи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станува ли   Скопје станува див запад?  Првомајскиот викенд го одбележаа случаи на пукање, кражби, речиси 30 приведени лица кај кои биле пронајдени наркотици.

Во пукање во скопски Аеродром 32 годишен скопјанец беше повреден од залутан куршум. Според информациите од МВР тој разговарал со вработен од Тобако кога се слушнале истрели од куршум при што се пожалил на болкa.

Реклама

На 01.05.2022 во 02.45 часот М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред тобако на подрачјето на Аеродром каде работел, додека бил со Т.Ј.(32) од Скопје, слушнале неколку истрели од огнено оружје, при што Т.Ј. се пожалил на болка. Од страна на лекар од Итната медицинска помош кај него е констатирана повреда, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Случајот се уште се истражува од службите на МВР. Првомајскиот полициски билтен го одбележа уште еден случај на пукање. Еден ден претходно на 30 април  63 годишна скопјанка пријавила дека во населбата Ѓорче Петров било пукано кон  станот во кој живеело семејството на пријавителката.  Овој случај за среќа заврши без повредени.

За првомајските празници полицијата во ноќните часови била со полни раце работа. Синоќа во угостителски објекти во Скопје лишени се од слобода 10 лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги психотропни супстанции и прекурсоруи.

Имено, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок, извести МВР.

Ноќта претходно, за истото дело беа приведени 14 лица  исто во угостителски објекти за истото дело. Во друг одвоен случај, приведен е 19 годишен скопјанец кај кого биле пронајдени нож, метален боксираџ и  метален синџир.

Истиот ден неколку часа претходно во 21.11  во скопски Аеродром била ограбена спортска обложувалница со закана кон вработената од страна на две лица, а само неколку минути претходно во 20:50 минути била ограбена аптека во центарот во Скопје.

И не само за празници. Полицискиот билтен е полн со случаи на насилство речиси постојано .

Пред една недела во пресрет на празникот Рамазан Бајрам во чајчилница со скопски Чаир се случи вооружена пресметка во која загина уште еден член на семејството Идризи. Врз него беше пукано од автоматско оружје од автомобил во движење при што 47 годишниот Идризи почина на државна клиника, а беа повредени уште три лица.

Во низата случаи кои ја покажуваат другата страна на ноќниот живот на метрополата, најпотресниот беше оној пред месец дена во кој  како последица на физичка пресметка пред скопски ноќен клуб почина хрватскиот ракометар Денис Тот.

Кристина Алексиеска