Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Mакедонија под снег, надлежните подготвено го дочекаа

Македонија изутрината се разбуди целата под снег. По студената ноќ и ниските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија изутрината се разбуди целата под снег. По студената ноќ и ниските температури, снегот ги прекри сите улици, тревници дрвја, покриви, создавајќи вистинска зимска идила. Надлежните за разлика од претходните години овој пат не беа изненадени и подготвени го дочекаа снегот.

„Македонија пат“ со целокупна механизација и работна сила уште од раните утрински часови е на терен и во континуитет врши расчистување на сите патишта. Оттаму велат дека сите регионални и магистрални патишта се проодни за лесните возила, освен во превоите каде има забрана за тешки товарни возила. 

„Се работи за превоите Стража Плетвар, плевојот делницата од кракот Маврово кон Дебар има забрана за тешки товарни возила од Паланка до Деве Баир, и забрана за тешки товарни возила во Ѓавато. Состојбата во автопатишата е проодна проодни се сите. Брзината на движење од тоа што го гледаме е некаде до 80 километри на час. Возачите кои возат по регионални и магистрални патишта да носат зимска опрема“, рече Љуљзим Шакири портпарол на „Македонија пат“.

Реклама

Снегот не ги изненади ниту скопските градоначалници кои од синоќа исто ги активираа службите да го исчистат најрпометните улици. Како што изјавија некои од нив, активирана е целата расположлива механизација и испратени се екипи да го расчистат снегот.

во Кисела Вода во текот на целата ноќ, освен на улиците се интервенираше и во делот на расчистување на паднатите гранки и дрвја, како последица на снежното невреме.

„Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и извршувањето на секојдневните активности ќе биде целосно овозможено и непречено“, истакна Ѓорѓиевски.

Слична е состојбата и во Гази Баба каде се активирани четири специјализирани возила за снег и два багери, На терен се излезени педесет вработени од Јавното комунално претпријатие ЈКП, кои активно работат на расчистување на снегот. Досега низ улиците се расфрлани 30 тони сол и ризла, а отворен е и мобилен пункт. Се чисти и во Центар. Најкритични локации се подножјето на планината Водно, каде од утринава активирани се специјализирани возила и тимови. 

И од Железници велат дека сообраќај се одвива нормално и без прекин со минимални задоцнувања. Станува збор за мали застои главно предизвикани од заснежени или замрзнати сврници. Дежурните екипи континуирано работат на нивно расчистување. Од Град Скопје засега не добивме одговор дали имаат испратено дежурни екипи за расчистување на улиците.

На снегот можеби не му се радуваат најголемиот дел од возрасните, но затоа им донесе радост на најмладите. Џагор и детска смеа попладнево ги исполнија маалските улички и парковите. На снежните радости кај децата им немаше крај. Снегот го искористија за правење Снешко, анѓелчиња, а не изостана и санкањето.

Љубиша Владимиров