Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Македонија набрзо ќе добие нова Влада: Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ при крај

Македонија набрзо ќе добие нова Влада, СДСМ и ДУИ и официјално ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија набрзо ќе добие нова Влада, СДСМ и ДУИ и официјално ќе заминат во опозиција. Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција се при крај. Христијан Мицкоски наредниве денови, можеби и пред осми јуни, кога е последниот рок, ќе го добие мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова и ќе може да го состави новиот владин кабинет.

-Можно е и порано, јас чекам да дојдат кај мене. Значи, инаку ситуацијата е релативно јасна, Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за состав на Владата. Можно е и порано, но јас гледам како што реков сите елементи да ги проучам за да може да постапам според Уставот, изјави Силјановска Давкова.

Дека преговорите одат во добар правец потврдува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Темелните вредности на кои ќе работи следната Влада, веќе се договорени, а во наредниот период ќе биде договорена и поделбата на ресорите.

Реклама

-Дискусијата за кој претставник од ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се најде во делот на ресорите е процес кој што прво секој од нас треба да го разговара со идниот премиер, но исто така процес кој што е предмет на дискусија на органите на политичката партија, што значи Централниот и Извршниот комитет, што значи сметам дека е сосема неблагодарно од било кого да ја дискутира својата политичка иднина пред медиумите, изјави Муцунски.

Дека преговорите се при крај потврдува и Арбен Таравари. Вели блиску се до дефинитивен договор.

-Главните точки на програмата се координирани и секако дека ги знам, но детали на пример за млади, за спорт… Јас мислам дека наскоро, кога велам наскоро за 3-4 дена мислам дека ќе има дефинитивен договор, меѓутоа тоа да го оставиме на идниот премиер да го објави (Дали ќе бидете министер за здравство?) Најверојатно да, изјави Таравари.

Од ДУИ пак се свесни дека заминуваат во опозиција. Потпретседателот на интегративците Арбр Адеми вели дека „Вреди“ биле нелигитимен претставник на Албанците во Македонија, но сепак тие ќе биле конструктива опозиција.

-Сега имаме нов деловник, европски деловник и сите механизми кои се на располагање на една сериозна опозиција ќе ги искористиме. Тие немаат политичка сила и тоа се очекува, нелигитимен албански претставник, тие и со 83 илјади кога добија во првиот круг на претседателските избори, тие и со 83 илјади рекоа дека ќе бидат дел од власт, изјави Адеми.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“,најверојатно во новата Влада ќе биде и ЗНАМ на Максим Димитриевски. Инаку, според роковите Мицкоски мандатот треба да го добие најдоцна до осми јуни, по што ќе има уште 20 дена за формирање на новиот владин кабинет.

Матеја Петровски