Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Македонија кубури со ветеринарни инспектори, во делови од земјата нема ниту еден

Ветеринарната струка на колена,во Македонија нема ветеринарни инспектори нити за лек. Проблемот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветеринарната струка на колена,во Македонија нема ветеринарни инспектори нити за лек. Проблемот со недостатокот на кадар кој се провлекува со децении,доведе до тоа одредени градови од внатешноста каде има само по еден ветеринарен инспектор, да останат и без нити еден. По уништувањето на 50-те тони небезбедна храна во првата половина од годинава,се обавуваат засилените инспекциските надзори и контрола на храната која завршува на македонската трпеза. Агенцијата за храна и ветеринарство е принудена да врши реорганизација,рашетувајќи ги инспекторите од еден град во друг. Во моментов недостасуваат 40-тина ветеринарни инспектори, како и инспектори за безбедност на храна вели првиот човек на Агенцијата Оливер Миланов.

 “Во одредени градови имаме и недостаток,нема ни еден ветеринарен инспектор.Со моја надлежност одредени ветеринарни инспектори одат и во други градови кај што има потреба.Се надевам дека Владата на Македонија ќе ни излезе во пресрет во најбрз можен рок, затоа што агенцијата има потреба како од контрола, така и од безбедност на храната на сите граѓани на Македонија”- вели Оливер Миланов,директор на Агенција за храна и ветеринарство

Во услови кога се уништуваат тони небезбедна храна,покрај африканската чума надлежните се справуваат со нови заразни болести кои се појавуваат кај животните.

Реклама

 “Се појавуваат и редица други болести кои што од животните можат да се пренесуваат на луѓето бидејќи животните се резервар на болести за пренос на луѓето.Со климатските промени и движењето на животните,новите трендови во трговијата, треба да очекуваме и појава на нови болести”- вели Дејан Јанкулоски,декан на Ветеринарен факултет Скопје

Згора на се’ голем проблем за метрополата но и градовите во цела Македонија,се и кучињата скитници. ‘’Лајка’’ е под надлежност на град Скопје,неусогласувањето на градоначалничката и директорката на јавното претпријатие  ја примораа Агенција за храна и ветеринарство  да превземе соодветни мерки кои допрва ќе ги обзнанат.

 ИнакуАгенцијата за храна и ветеринарство која ја изготви новата систематизација на работни места, очекува од Владата идната година да овозможи вработување на потребниот број ветеринарни инспектори и инспектори за безбедност на храна.

Росица Голабоска