Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Македонија ќе добие електронски регистар на здравствени работници: Прецизни податоци за недостиг на кадри и планирање на специјализациите

По речиси три децении, Македонија конечно добива електронски регистар на здравствени работници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси три децении, Македонија конечно добива електронски регистар на здравствени работници – систем кој првпат нуди јасна и прецизна слика за вистинските потреби во јавното и приватното здравство. Бројките покажуваат дека најдефицитарни остануваат анестезиолозите, невролозите, радиолозите, онколозите и патолозите – професии без кои здравствениот систем тешко може да функционира. Според министерот Азир Алиу, со овој регистар ќе се прекине праксата на хаотични вработувања во здравството.

„Знаеме колку медицински сестри, кардиолози, анестезиолози ни недостигаат во државата. Отворање на конкурс за специјализации нема да има по желба на општината, ако не се вклопуваат во оваа матрица. Имате случаи каде на едно место работат пет лекари од иста област, а според потребите доволни се тројца. Двајца од нив би можеле да бидат ангажирани таму каде што навистина има дефицит“, појаснува министерот. – изјави Азир Алиу

Анализата покажува дека, и покрај бројните вработувања во јавното здравство изминатиот период, и понатаму постои недостиг на лекари и сестри, а растот на кадарот во последната деценија е минимален.

Реклама

„Податоците за медицинските сестри покажуваат дека од 356 на 100.000 жители пред десет години, бројката во 2020 година е порасната на 440 на 100.000 жители…“ – изјави Азир Алиу

Во Македонија моментално има 32.383 вработени во јавниот и приватниот здравствен сектор. Од нив, 18.536 работат во јавните здравствени установи, а 13.847 во приватните.