Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка

Петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија донесе нова димензија на билатералната енергетска соработка, истакнувајќи ја важноста на регионалната стабилност и сигурноста на снабдувањето со енергија, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Делегација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, учествуваше на седницата на Мешовитиот комитет, на која, како што се наведува во соопштението, се потврдија заедничките стратешки приоритети и заложби во енергетиката. Експертските работни групи од двете министерства за енергетика усогласија стратешки точки кои ќе ја унапредат енергетската инфраструктура, ефикасност и иновации.

Потпишувањето на протоколот кој ги дефинира и заедничките енергетски цели и активности, се одржа како завршен чин на седницата на Комитетот, кој опфати повеќе ресори, со цел да се поттикне регионална стабилност и енергетска безбедност.

Реклама

Седницата на Мешовитиот комитет ја потврди стратегиската посветеност на двете земји за јакнење на регионалната енергетска стабилност.

– Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас, поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи, препознавајќи дека обезбедувањето на сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност, истакна државниот секретар Јовановски.

Јовановски и македонската делегација, како што се посочува во соопштението, оствариле и билатерални средби со претседавачот на Мешовитиот комитет, Петар Старај како и со Петар Холица, заменик државен секретар на Министерството за енергетика на Унгарија, на кои ја зацврстија заедничката заложба за развој на инфраструктурата, подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на системите за производство на електрична енергија.

-Размената на добри практики и експертиза во работењето на пазарот на електрична енергија е клучна. Охрабрени сме од напредокот во техничкиот дијалог за геотермална енергија. Модернизацијата на РЕК Битола, со фокус на суви или хибридни системи за ладење, е уште една област каде нашата соработка може да донесе реални придобивки. Продлабочената соработка помеѓу HUPX и MEMO дополнително ќе ја олесни интеграцијата на пазарите, размената на податоци и развојот на капацитетите, промовирајќи транспарентно и ефикасно работење на електроенергетскиот пазар во нашиот регион, истакна Јовановски.

Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини велат дека седницата јасно покажала дека соработката меѓу двете земји не се ограничува само на потпишување протоколи. – Таа се базира на доверба, експертиза и визија за одржлива енергетска иднина, која ќе обезбеди сигурност и просперитет за целиот регион, се наведува во соопштението.