Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Прилози

Македонија и Турција ја јакнат соработката – Декларација за формирање Совет за соработка на високо ниво

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во сите области и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во сите области и на сите нивоа. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпишаа политичка декларација за основање Совет за соработка меѓу Владите на двете држави.

Советот треба да ја утврди стратегијата за односите меѓу Македонија и Турција во политиката, безбедноста, одбраната, економијата, комуникациите, туризмот, културата, науката, уметноста и други области.

Во иднина ќе биде ставен посебен акцент на инвестициите и трговската размена, заклучија двајцата лидери на заедничката средба на која уште еднаш беа потврдени силните и пријателски односи.

Реклама

„Турција е еден од нашите најзначајни економски партнери, но и неизоставна сила со големо влијание во регионот, а заедничката заложба е да ги зголемиме турските инвестиции во Македонија и да создадеме нови можности за македонските компании на турскиот пазар. Веќе имаме многу позитивни примери на турски компании кои работат кај нас. Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Посветени сме како држава на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план“, вели премиерот Христијан Мицкоски

Турскиот претседател кој го пречека македонскиот премиер на највисоко ниво рече дека се надева оти ќе присуствува на првата седница на новоформираниот Совет што ќе се одржи во Скопје.

„Турција беше првата земја која ја призна Македонија во независноста. Сакам да истакнам дека нашите пријателски односи се толку силни како Камениот мост во Скопје. И ќе продолжиме да ги негуваме таквите пријателски односи“, вели Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција

Предлогот за фомирање на советот дојде од турска страна. Ваквите механизми имаат дведецениско искуство и се основаат со цел да ги консолидираат и унапредат билатерални односи на Турција со одбраните земји партнери.

Основа за формирањето на телото е веќе потпишаниот документ 2008 година – „Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција“.

Инаку, вкупните турски инвестиции во Македонија изнесуваат околу две милијарди евра. Турските инвеститори сочинуваат 38 отсто од вкупните странски инвестиции во земјава. Пред два дена почнаа преговорите и за изградба на когенеративни централи со турската копанија Казанчи Холдинг Групацијата која планира да вложи до милијарда евра во Македонија.

Турција е наш петти партнер според инвестициите и седми во однос на трговијата. Меѓусебната размена на стоки и услуги бележи значителен раст во последниот период. Според податоците за 2024 година трговската размена меѓу двете земји изнесува вкупно 907 милиони евра.

Давид Крстевски