Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Македонија и Чешка ги јакнат економските односи – Николоски и Божиновска во Прага

Зајакнуваат економските врски со Чешка. Вицепремиерот Александар Николоски и министерката за енергетика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнуваат економските врски со Чешка. Вицепремиерот Александар Николоски и министерката за енергетика Сања Божиновска заедно со високи владини претставници се во Прага на заедничкиот состанок за економска соработка. Од преговори за нови странски инвестиции, преку презентација на туристичките и енергетски потенцијали на земјава, тие остварија значајни средби со своите чешки колеги и бизнисмени. Вицепремиерот Николоски е задоволен од посетата.

Чешките компании ја презентираа својата напредна технологија во енергетскиот сектор. Божиновска беше во посета на ТЕЦ Тушимице, а фирмите од Чешка се понудиле и да го поделат своето знаење и искуство во евентуална подготовка за изградба на мали нуклеарни централи, доколку Македонија во иднина би била заинтересирана за вакви вложувања.

Македонија се надева на повторно воспоставување на авионската линија Скопје – Прага. Вчера вицепремиерот Николоски потенцираше дека била претставена и можноста за нова авиолинија од Охрид до Карлови Вари. Денеска од ТАВ Македонија рекоа дека се оптимисти на позитивен исход од преговорите.

Реклама

Двете делегации потпишаа протокол за продлабочување на економската соработка и реализација на заеднички иницијативи.