Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Македонија го слави споменот на Свети Климент Охридски – Чудотворец. Денешниот празник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го слави споменот на Свети Климент Охридски – Чудотворец. Денешниот празник собра стотици верници на едно место – во добро расположение дојдоа на литургија да го одбележат празникот на својот патрон. Здравјето, среќата и бериќетот се најгласни во молитвите. Верниците со длабок наклон се прекрстија, барајќи од Светецот и Бога благосостојба во животот.

Светец и просветител, прв македонски архиепископ и творец на охридската школа, Св. Климент Охридски има посебно место во срцата на верниците од земјава. Велат овој празник е свет за сиот македонски и православен народ, го одбележуваат со децении, а неговото негување не смее да застане.

Митрополит тетовски гостиварсски – Јосиф повика на единство и борба за подобра идина во нашата земја.Порача дека добрината и добрите дела водат кон вечноста.

Реклама

Сите ние треба да се трудиме да постануваме од ден на ден подобри луѓе, бидејќи само со добрина човек е вечен.Злото го оддалечува секој човек од вечноста, и од другите луѓе.А денес за жал сме сведоци дека не само злото во државата туку и на глобално се умножило во големи размери.Злото кое е околу нас води кон унишутвање, навредување создавање штета и вознемирување.Затоа треба да бегаме од злото и да правиме добро и добри дела..за ние и целата татковина стане подобро место за живеење вели Јосиф митрополит Тетовски-гостиварски.

Празникот го одбележа и државниот врв во универзитетската библиотека која го носи името на светецот, а на неговиот споменик пред објектот беше положено и свежо цвеќе.