Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Македонија буквално гори: Топлотниот бран со екстремно високи температури ќе трае најмалку десет дена

Пеколните температури го вжештија телефонот на бразата помош. Од изутрината добиле над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пеколните температури го вжештија телефонот на бразата помош. Од изутрината добиле над десетици повици од луѓе кои имале колапс или вртоглавица на јавни места. Температурите во центарот на градот на некои места стигнаа и над 40 степени, а енормно жешкото време ќе потрае до крајот на месецот.

Затоа докторите советуваат хронично болните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, да ја примаат терапијата, а бремените и малите деца да се заштитат од пеколниот бран. Оние кои мораат да излезат да конзумираат повеќе течности, да носат лесна и светла облека, да ја заштитат главата и да консумираат полесна храна.

„Од сабајлево имаме од осум до десет веќе интервенции на јавни места, колапси, вртоглавици несвестици, дали се тоа маркети или во автобуси или во приватни фирми. Граѓаните ако чувствуваат некакви симптоми, вртоглавици, треба да земаат течности, да седнат на страна веќе, ако почнат да губат свест, нека легнат, нека се раскопчаат и да побараат помош“, рече Д-р Ѓорѓи Карамановски од Итната медицинска помош Скопје.

Реклама

И додека државата е под силен топлотен бран, секој се разладува како знае и умее. Граѓаните велат дека ги слушаат апелите на лекарите, но дневните обврските мора да се завршат.

Има и такви кои и во најжешкиот дел од денот треба да работат на отворено за да заработат. Докотрите со апел и до газдите да обезбедат соодветни услови за градежните работници. Од УХМР информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Љубиша Владимиров