Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија

Во Европската Унија лани 47,3 проценти од вкупно произведената електричната енергија е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Европската Унија лани 47,3 проценти од вкупно произведената електричната енергија е од обновливи извори на енергија (ОИЕ), а Македонија се доближува до овој просек, дури можеби и го надминува.

Според Министерството за енегетика, рударство и минерални суровини, се уште нема збирен официјален податок за произведената електрична енергија кај нас од ОИЕ во 2025 година, но проценката е дека има зголемување од 12 до 15 отсто во споредба со 2024 година кога 41,03 отсто од вкупно произведената струја беше од ОИЕ.

Најголем дел од обновливата енергија во 2024 година во земјава е произведена во фотоволтаичните централи по што следуваат хидроцентралите, малите хидроцентрали и ветерните електрани. Од вкупно произведената струја 38,43 отсто е произведена во термоцентралите на АД ЕСМ по што следи ТЕ-ТО со 20,54 проценти,  фотоволтаичните централи со 18,08, хидроцентралите со 13,91, малите хдроцентрали со 5,02 и ветерните електрани со 3,16 проценти.

Реклама
Северна Македонија заедно со Грција и Бугарија работи на изградба на терминал за течен природен гас во Александруполис, со што ќе се обезбеди дополнителна диверзификација на снабдувањето со г

Според податоците на Еуростат, лани во ЕУ 47,3 проценти од електричната енергија е произведена од обновливи извори на енергија што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2024 година. Примарен извор на обновлива енергија во ЕУ е ветерот со учество од 37,5 проценти, на второ место е сончевата енергија со 27,5, по што следуваат хидроенергијата со 25,9, биомасата со 8,5 и геотермалните и други извори на енергија со 0,5 отсто. Сончевата енергија е најбрзорастечки извор со зголемување од 24,6 отсто во 2025 година, додека производството на електрична енергија од хидроенергија се намали за 11,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија во 2024 година во изнесува 39,4 отсто, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35,4 проценти. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 киловат часови по жител на годишно ниво.