Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Македонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во Тирана

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), соопшти Министерството за култура. 

Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцирала важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко.

– Културата не е само наследство што го чуваме, туку жива сила што нè поврзува и нè движи напред – токму преку ваквите средби создаваме нови вредности, нови партнерства и заедничка иднина – истакна Ѓоргова.

Реклама

Таа нагласи дека учеството на Македонија на овој значаен настан претставува можност за промоција на богатото културно наследство и современата уметничка сцена, како и за отворање нови перспективи за соработка во областа на креативните индустрии и иновациите.

Ѓоргова го посети и македонскиот павиљон  на експо фестивалот, каде своја презентација имаа уметници, претставници на фестивали, музички продукции, филмски уметници, занаетчии, туристички оператори и претставници на културниот сектор во земјата.

Фестивалскиот дел започна со 40-минутен сценско-визуелен перформанс на истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и Камерниот оркестар „Профундис“, во соработка со оркестарот на Албанската радио-телевизија.

Овој уникатен проект, се вели во соопштението, понуди современ аудиовизуелен концепт што ги спојува класичната музика, електронските елементи и визуелната уметност, претставувајќи силен уметнички вовед во македонското присуство на фестивалот, при што македонските уметници се претставија рамо до рамо со интернационални имиња од светската сцена.

Поради значајното учество и придонес во промоцијата на културата, на Министерството за култура и туризам и на Македонскиот културен центар во Тирана организаторите на фестивалот им доделија специјално признание.

Присуството на фестивалот во Тирана се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и, како што се додава во соопштението, претставува важен чекор за меѓународна промоција на македонската култура, отворање нови можности за соработка и поголема видливост на домашната уметничка сцена на регионално и европско ниво.