Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Македонците во Албанија веќе не се сами: По долги години конечно македонската власта покажува почит и грижа за нив

По долги години конечно македонска власт покажува грижа и почит за Македонците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По долги години конечно македонска власт покажува грижа и почит за Македонците во Албанија. Средбата на претседателката Гордана Силјановска Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски е од големо значење за нашинците во Албанија, кои секојдневно водат битка за своите права, а сега се борат и со бугарската асимилација.

Обвинуваат за пописен фалсификат, бидејќи официјална Софија се мешала во пописот и вршела притисоци врз Македонци да се пишуваат Бугари. Поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко за Алфа вели Силјановска Давкова им помогнала со цел да го оспорат овој попис.

-Ни даде ветување дека во иднина ние Македонците во Албанија не сме сами, тука е Република Македонија. Самата претседателка ни го даде на располагање нејзиното знаење по меѓународно право за да се избориме не само со нашите активности, туку правно за остварување на нашите права и за оспорување на овој нерегуларен и мануполаторен попис, изјави Темелко.

Реклама

Упати благодарност и до Муцунски, бидејќи веднаш реагирал кога тие биле запишани како Северномакедонци во пописните резултати. Темелко вели добиле ветување дека македонските власти дека во иднина ќе реагираат за сите проблеми кои ги имаат.

-Имаше од министерот за надворешни работи еден голем ангажман, бидејќи со самото тоа започнување како министер реагираше на употребата на терминот Северномакедонци во резултатот на пописот и тоа се смени и сега стои Македонци, изјави Темелко.

Темелко вели тоа што конечно властите во Македонија покажуваат грижа за нив ќе влијае многу на кревање на моралот на Македонците во Албанија.

-Единствена поддршка што бараме и веќе најдовме кај претседателката и кај министерот за надворешни работи е да грижата на матичната држава, на инситуциите на матичната држава, на иституциите на Македонија за да се сопре оваа асимилација, изјави Темелко.

Инаку според бројките од последниот попис во Албанија таму живеат нешто над 2.200 Македонци, додека пак Бугари има 7.957. Инаку, долг период пред спроведувањето на самиот попис, голем број бугарски здруженија вршеа притисоци врз Македонци да се пишат како Бугари, користејќи разни закани и нудејќи бугарски пасоши.

Матеја Петровски