Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

МакеДокс ќе прикаже 71 документарец, меѓу нив и премиерите на „Руини“ на Елена Чемерска и „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски

Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). 

Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската критика и на Илинденка Петрушева (1944 –2025), филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката на Македонија, која беше посветена на истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив. Вечер посветена на нејзиниот опус ќе биде организирана во рамки на МакеДокс на 22 август од 19 часот во Сули ан.

– Со својата заразна енергија Илинка во својот живот беше голем сонувач и голем  борец, не само за своите соништа, туку и за туѓите, меѓу другото и за нашиот сон – МакеДокс и со својата енергија во сите овие години успеа да изнедри куп генерации филмаџии и филмољупци, и нè научи дека киното не е  само простор туку состојба на духот, рече Петрула Вељановска, програмски координатор на МакеДокс, која на прес-конференција денеска ја  соопшти фестивалската програма, заедно со Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на МакеДокс. 

Реклама

Во главната програма ќе бидат прикажани десет документарни филмови кои добиле награди на престижни фестивали. Како што беше соопштено, интригантни теми ќе донесат 13 филмови во Програмата за млади автори, ќе има и десет кратки документаци кои, исто така, ја разбранувале светската документарна сцена, осум студентски филмови, како и седум долгометражни и неколку кратки документарци од кинематографијата на Шпанија, која е земја во фокус на годинашниот фестивал, со гости режисери кои ќе одржат мастер-класови. 

Два македонски документрани филма ќе имаат премиера – „Руини“ на Елена Чемерска, кој имаше светска премиера на фестивалот во Шангај, и документарецот на Милчо Манчевски – „Добри луѓе“ за трагедијата во Кочани. 

На панелите во придружната програма ќе се дискутира за статусот на филмската критика денес, како и за состојбата со кината во Скопје во пресрет на 2028 кога главниот град ќе биде европска престолнина на културата. Ќе се одржат и другите програми на фестивалот – Муабети под смоква, Ноќни разговори, детски работилници итн. 

МакеДокс ќе се одржува на пет локации во Скопје – Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.