Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Мајка на еден од загинатите кај Љуботенски бачила: Уште го чекам мој Ивица да се врати, си велам од печалба ќе дојде мојот син, а него го нема

-На гроб сум му чекала роденден на 20-ти декември. Секојдневно насолзените очи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-На гроб сум му чекала роденден на 20-ти декември.

Секојдневно насолзените очи на тетка Благица за своето чедо Ивица Златевски и по 23 години остануваат да сведочат за масакрот кај Љуботенски бачила, каде УЧК уби осум македонски бранители. Вели тоа бил најтешкиот ден во нејзиниот живот, а преголамата болка по нејзиниот син ќе завршела само кога ќе заминела во гроб.

-Како сега да ми е, го чекам, се велам од печалба ќе дојде мојот син, а него го нема. Јас го чекам ќе ми дојде во 8 и 10 од Љуботенски бачила, мајко каде да поминам што да поминам, во осум саат мој Ивица го нема, добивам вести во 8 и пол нагазиле на бомба, на мина како да кажам. Што да кажам, тоа е мили деца што да кажувам, се ми е кажано, речено, немам зборови, изјави Златевска. 

Реклама

Осуминта ги дадоа своите животи, на 10-ти август 2001-ва, а осум бранители успеаја да се спасат, меѓу нив Сашо Голубовски и Зоран Китановски, кои денеска раскажаа како се случил нападот кај Љуботенски бачила. Вели оние кои преживеале давале се од себе да ги спасат и другите.

-Влеговме во заседа одма бевме нападнати, среќа што свесноста кај еден до двајца кои бевме така посвесни вративме на нападот, ги одбивме, ги заплашивме малку, застанаа. Па се држевме се тргнавме на страна, да ги одбраниме ранетите, знаевме дека има ранети доста, се повлековме малку, почнавме да делуваме, изјави Голубовски.

-Од задната страна како се симнувавме во канонот, не дигнаа во воздух, на задното лево тркало поставиле две противтенкоски една врз друга и седум килограми ТНТ. И тоа кревање во воздух замислете каква е тоа снага и енергија, каде што камион од некои 3 и повеќе тона да го крене, за 180 степени да го преврти, изјави Китановски. 

Она што и по повеќе од две децении по воениот конфликт е најголемата болка на бранители, е што се заборавени од државата за која дел го оставија, а дел беа подготвени да го остават својот живот, а сега живеат со трајни последици. Се надеваат дека со новата власт работите ќе се променат.

-Од 2020-та сум деградиран, иако сум до 2020-та меѓу најдобрите полицајци во службата, наградуван, со пофалби со се. Во 2020-та од ведро небо решение, деградација, ме симнаа. Планирано од некоја страна сме заборавени во целост, изјави Голубовски.

-Мене претседателот на Комисијата на Министерството за труд и социјала за боречки права, не си јавил вика ќе ти ја скинеме инвалиднината, изјави бранителот Слободан Петровски.

Дел од загинатите во овој масакр доаѓаат од скопско Ѓорче Петров, каде денеска им се оддаде почит на два споменика во нивна чест. Делегации од Владата, шефот на државата, општината, здруженија на бранители, на политичките, како и членови на семејствата на загинатите положија свежо цвеќе.

-Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам, зрачеа со храброст, зрачеа со пожртвуваност за Република Македонија, ги оставија семејствата свои дома одејќи со мисла дека ќе се вратат и дека земјата со нивната жртва ја чекаат подобри денови, изјави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Животот кај Љуботенски бачила го загубија Марјачно Бошковски, Томислав Настевски, Ивица Златевски, Бранко Јанев, Томе Бадаровски, Раде Јанковски, Томе Димовски и Гоце Чанкуловски.

23 години од една од најголемите трагедии кои што се случија во воениот конфликт во 2001-ва година. Тогаш во осум часот наутро се случи Масакрот кај Љуботенски бачила, односно беа поставени две мини на камион во кој беа превезувани 16 на македонските сили. Осум од нив за жал го загубија животот додека осум успеаја да се спасат.

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи со порака „Вечна слава на јунаците“, пишува дека овие херои со своите животи ја бранеле нашата слобода.

Матеја Петровски