Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мајката и детето биле сами во станот и заклучени одвнатре, сопругот е задржан во полициска станица

Истрагата на Обвинителството за трагедијата во скопско Тафталиџе покажа дека двете жртви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата на Обвинителството за трагедијата во скопско Тафталиџе покажа дека двете жртви биле заклучени и сами во станот, пред да се случи настанот. По наредба на судија на претходна постапка, истражителите вршат детален претрес на станот, кој по вчерашниот увид остана запечатен. Во меѓувреме, таткото на девојчето и сопруг на загинатата е задржан на распит.

Се истражува дали се основани обвинувањата од членови на семејството на мајката дека починатите долги години биле жртви на семејно насилство за кое се пријавувало. Според блиските на жртвите, и покрај пријавите, никој од надлежните не презел ништо. Поради ова, Обвинителството ќе ги проверува и постапувањата на Центарот за социјална работа и полицајците.

„По наредба од судија на претходна постапка, издаден е налог за детален претрес на станот. По извршениот увид, станот е запечатен и обезбеден“, велат од Јавно обвинителство.

Реклама

Во текот на денот се сослушуваат повеќе лица, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони, како и обезбедување снимки од видео надзор и други записи од неколку локации. Наредена е и обдукција на починатите.

Починатата 31-годишна мајка се разведувала. Таа поднела тужба за развод пред неколку месеци, а минатиот месец брачниот пар бил викнат на разговор – процедурален – во Центарот за социјална работа. Во меѓувреме, за насилството што го трпела мајката сведочеле и соседите, кои, како што велат, и пријавувале. Министерството за социјална политика тврди дека имаат само една пријава добиена преку МВР за насилство, неколку дена пред Нова година. Во моментот, инспекција од Министерството проверува дали социјалните работници и психолозите од Центарот за социјална работа направиле некаков пропуст.

„Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита“, соопштија од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Братот на починатата тврди дека потфрлиле институциите.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство. Денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата“, вели Александар Стојановски, брат на загинатата.

Државата овозможи да згаснат млади животи. Ве молам да не шпекулирате што се случило. Никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!“

Јавноста очекува за брзо време институциите да си ја завршат работата и да излезат со конкретни одговори што се случило и дали некој ќе понесе одговорност.