Државната комисија за спречување на корупцијата денеска едногласно ја избра Маја Коневска за генерален секретар на Комисијата.
Претседателот на Антикорупциска, Адем Чучуљ, објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен поради тоа што со неговото назначување за претседател му престанале надлежностите кои претходно ги имал на оваа функција. Чучуљ ја образложи причината за предлогот Коневска да биде избрана на функцијата, нагласувајќи дека таа е дел од Секретаријатот од 2005 година и има 20-годишно континуирано искуство. Во тој период, како што истакна, таа напредувала низ повеќе работни места и била на различни раководни позиции, од раководител на одделение до раководител на сектор, каде што е ангажирана и во моментов.
