Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

МЈА: Реформата на јавната администрација препознаена како еден од клучните успеси на државата

Реформата на јавната администрација е препознаена како еден од клучните успеси на државата, се наведува во денешното соопштение на Министерството за јавна администрација по однос на изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на синоќешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. – Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Кошта, со што се поздравува напредокот на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформата на јавната администрација е препознаена како еден од клучните успеси на државата, се наведува во денешното соопштение на Министерството за јавна администрација по однос на изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на синоќешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

– Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Кошта, со што се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на реформата на јавната администрација, претставува значајно признание за посветената работа на Владата и Министерството за јавна администрација во изминатиот период. Фактот што реформата на јавната администрација беше издвоена како една од клучните области во кои е постигнат опиплив напредок, е, потврда дека државата се движи во вистинска насока, кон изградба на професионална, ефикасна, отчетна и модерна јавна администрација, усогласена со европските стандарди и вредности – пишува во соопштението.

Се додава дека Министерството за јавна администрација во изминатиот период интензивно работело на подготовка и реализација на реформските процеси, воспоставување на јасни механизми за професионализација на администрацијата, унапредување на управувањето со човечките ресурси, дигитализација на услугите и креирање политики што обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните и деловната заедница.

Реклама

– Стратегијата за реформа на јавната администрација и позитивните оценки од европските партнери претставуваат резултат на заедничкиот труд, посветеноста и одговорноста на сите институции вклучени во реформскиот процес – се истакнува во соопштението.

Министерството за јавна администрација нагласува дека ова признание претставувало обврска да се продолжи со уште поголема енергија, посилен интензитет и уште повисоки амбиции, како и дополнителен мотив во спроведувањето на реформите што, како што истакнува, ќе обезбедат современа администрација по мерка на граѓаните и институции подготвени да одговорат на предизвиците на европската иднина.

– Остануваме целосно посветени на реформската агенда и на европскиот пат на државата, уверени дека секој постигнат резултат денес, претставува нов чекор кон нашата заедничка цел – подобар животен стандард за сите граѓани и полноправно членство во Европската Унија – потенцира Министерството за јавна администрација.