Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Љутков: Универзална сала ќе биде целосно обновена до 2028-та

До 2028 година кога Скопје, ќе биде европска престолнина на културата Универзална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 2028 година кога Скопје, ќе биде европска престолнина на културата Универзална сала ќе биде готова , најави денеска во Штип, министерот за култура, Зоран Љутков.  Тој посочи дека  при крај е ревидирањето на целата документација во врска  со преземањето на овој објект, по што ќе следи преповторуваање на целата процедура, со цел  процесот да биде легален

   „Јас како министер за култура не сум во состојба да ставам потпис на било кој документ, бидејќи во оваа фаза мене ми изгледа, реално и како нелегален, како да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес. Се разбила првата фаза си тече, се гради, но во делот на втората фаза запрена е постапката. Ќе ги ревидираме, веќе сме при крај  целата документација, за начинот како е преземена од градот Скопје во Министерство за култура. Реално не е преземена„ изјави министерот за култура, Зоран Љутков.

Состојбата речиси во сите театари во државата е катастрофална, е отценката на министерот Љутков кој денеска се сретна  со штипскиот градоначалник и  со театарските работници, кои му се пожалија на десеткуваниот кадар и лошите  услови во кои работат.

Реклама

  „Најголемиот приоритетен проблем е прокиснувањето на кровот, како и кадровските решенија околу вработувањата на технички персонал . На овој начин освен проекти финансирани од министерството, ќе може да работиме и од сопствени средства„ изјави Кристина Атанасова Арсова, директор на НУЦК„Ацо Шопов„

  „ Одредени инфраструктурни проекти кои се белег на нашиот град во соработка со министерството за култура ние како општина да ги реалиираме. Тоа се реставрација на тврдината Исар и куќите во штипско Ново Село„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Што се однесува за извештајот за работењето на  неговата претходничка Бисера Костадинова-Стојчевска, министерот потенцираше дека ќе треба период за целосно да се заврши , бидејќи е малку подолг и ги надминал неговите очекувања