Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Луксузирање и службени возила: Службени возила и привилегии бараат оние кои треба да се борат со непродуктивните државнит трошења

Наместо да се борат против непродуктивните трошоци во државните институции, новите антикорупционери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да се борат против непродуктивните трошоци во државните институции, новите антикорупционери сакаат да се луксузираат и да користат привилегии како дипломатскиот пасош, за кои од МНР кажаа и дека не им ни следува задолжително. Поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска за Алфа вели дека оваа институција, меѓу другото, воопшто нема потреба ни од службени возила, бидејќи секоја теренска обврска може да се заврши користејќи такси или на дневно ниво да се побара возило од СОЗР, за што во претходните години тие имале и договор. 

-Возилата сами по себе носат многу трошоци, знаете и сами и регистрација и осигурување и поправки и не знам и трошок за бензин итн. Значи тоа не е само да го имаш возилото, туку тоа треба и да го одржуваш, така што сметам дека немаат потреба. Бидејќи потребите доволно се задоволуваат или со такси или со службени возила од СОЗР, вели Ивановска.

Коментирајќи го соопштението на ДКСК, каде се вели дека претходниот состав не донел многу резултати, Ивановска вели дека ниту еден состав нема право да го критикува претходниот, па не треба да го прави ни сегашниот, како што не го правел ниту претходниот. Околу користењето на привилегиите, вели дека тие со својата работа докажале дека истите воопшто не се потребни.

Реклама

-Ние со нашата работа докажавме дека во таа институција нема потреба ниту од службени возила, ниту од дипломатските пасоши. И покажавме дека и без тие привилегии успешно функциониравме и добивме високи оценки од Европската комисија, што се однесува до потребата, дотолку повеќе што таа институција треба да биде и пример за останатите институции ние во наше време правевме анализа на непродуктивни трошоци, вели Ивановска.

Инаку од Антикорупциска побарале седум возила, а сите членови побарале и дипломатски пасоши, досега барањето е одобрено и ваков пасош добила само новата шефица на ДКСК Татјана Димитровска. Таа се правда дека и следувал затоа што била функционер избран од Собранието.

Матеја Петровски