Реклама
Прилози

Луксуз Влада: СДСМ и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра

За седум години владеење Владите предводени од СДСМ и ДУИ си купиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За седум години владеење Владите предводени од СДСМ и ДУИ си купиле 135 нови службени автомобили вредни 5.200.000 евра, додека просечната старост на возилата на брзата помош е 12 години, а на противпожарните неверојатни 28. Очигледно на функционерите минативе години, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе.

Владините функционери на секои три години си го обновуваат возниот парк. Во 2018-та за 45 возила платени беа 1,8 милиони евра, а за истиот број автомобили истана сума беше платена и во 2021-ва. Најмногу пари за обновување на возниот парк потрошени се оваа година. За 45 нови возила платени беа 2,2 милиони евра.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, вели дека според нивните истражувања, во моментов во Македонија има над 3.000 службени возила.

Реклама

-До 2018-та година, државните институции, само министерствата и општините имаа 2.600 возила. Дури и во короната, во двете години се купија 140 нови возила, а годишно да кажеме дека се купуваат околу 100-тина, 150 нови возила, излегува дека само министерства и општините имаат повеќе од 3.000 службени возила, изјави Филков.

За разлика големиот број службени возила, загрижува ситуацијата со бројот на возила од брзата помош. Таму последната набавка е направена во 2018-та година, кога беа набавени 12 возила. Најголем процент од нив не се купени од државата, туку се донирани.

-Во земјава има само 263 вакви возила, просечно стари 12 години, но 73 проценти од овие возила се донација или дадени на користење, значи не се нови. А од тие што се купуваат нови само една третина се на ново, другите повторно се набавуваат стари возила, што не ја намалува оваа просечна граница на старост од 12 години, изјави Филков.

Состојбата со пожарите кои последниве 10-тина дена беше во Македонија, го отвори прашањето и за противпожарните служби, таму просечната старот на возилата е речиси 30 години.

-34-те единици за противпожарна заштита имаат 284 возила, но тие се просечно стари 28 години и тука имаме неколку рекорди. Освен Велес и Штип кои имаат просечно стари противпожарни возила 12 години, сите други од ове 34 единици имаат просечно стари возила повеќе од 20 години, изјави Филков.

Токму возилата кои им се најпотребни на граѓаните во итни ситуации, знаеја да бидат користени и во политичките кампањи. Зоран Заев пред да дојде на власт пред седум години, ветуваше дека ќе го продадени владиниот Мерцедес купен 700.000 евра, а со парите ќе се купат нови возила за брза помош, но сепак од тоа ватување на остана ништо.

Матеја Петровски