Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Лукровски: Карпош ќе се развива плански, работиме на план за трајно решение на проблемот со паркирањето 

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Лукровски се осврна на актуелните предизвици поврзани со урбанизацијата и недостигот од паркинг места во општината. Лукровски нагласи дека развојот на општините е неопходен, но треба да се спроведува плански, хумано и само таму каде што постои простор за нови градби, а проблемот со паркирањето, Лукровски потенцираше дека веќе се работи на изготвување план кој ќе понуди трајно и системско решение, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Потреба да се гради има и треба да се гради. Треба општините да се развиваат, комуналиите доаѓаат, егзистенцијата на општините од комуналии. Дајте да градиме паметно, да градиме хумано, да градиме онаму каде што има простор, да правиме осмислени населби, онака како што некој ги направил пред 50-60 години овие населби во кои ние сега живееме. Во Карпош 1,2,3,4, Влае и Тафталиџе не треба да има повеќе простор за којзнае какви градби. Треба да се дозволи, меѓутоа не објекти кои ги загрозуваат сите останати во околината“, вели Лукровски.

Тој посочи дека неопходна е ревизија на досега спроведените урбанистички планови и дека идните проекти ќе мора да се изработуваат заедно со граѓаните.

Реклама

,,На се што е досега направено, ќе направиме една ревизија да видиме што можеме да корегираме, она што може да се врати. Она што ќе биде во иднина да го правиме со граѓаните. Јас би сакал таму каде што ќе никне зграда да одам да видам како ќе функционира во просторот“, рече Лукровски. 

Говорејќи за проблемот со паркирањето, Лукровски истакна дека општината мора да обезбеди квалитетни решенија, но и граѓаните треба да покажат коректност во користењето на паркинг-местата.

,,Треба општината, се што е во ингенернции на општината да допринесе за поквалитетен живот на граѓаните, меѓутоа ќе мораме да научиме и ние како граѓани да бидеме коректни. Ќе ги обновиме, ќе направиме се со она што е обврска на општината, меѓутоа коректно е да ги користиме предвидените паркинг места“, кажа Лукровски и додаде:

,,Ќе треба да видиме што можеме да ставиме во функција од гаражите, да видиме со хаварисаните возила. Тие се исто голем проблем. Тие одземаат дел од паркинг местата и да видиме со оние актуелни монтажни гаражи што ги споменуваме во кампањата, во програмата. Велиме над 500 паркинг места. Веќе конкретизиравме. Карпош 4, Лептокарија и Млечен се најзагрозени во делот на паркингот“.