Реклама
Македонија

Луѓето со попреченост бараат подобар живот – не само присетување на нив на светскиот ден 3 Декември

„Ние го изодевме целиот пат и сега стоиме во место… Недостасуа вработување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние го изодевме целиот пат и сега стоиме во место… Недостасуа вработување и прифаќање од заедницата“ вели Жаклина Крстевска мајка на Стефан- лице со попреченост. Според неа тој е заборавен од работодавците, општеството и институциите. Стефан има 30 години. Поддршка до овој момент во неговиот живот има само од родителите. Тој се има запишано дури три пати во средното училиште за рехабилитација „Св.Наум Охридски” само поради социјализација. Секоја вечер ја прашува неговата мајка што ќе прават следниот ден.

„Целата наша борба, можам да кажам за нас родителите кои сега децата ни се возрасни беше да не ги изолираме, да ги вклучиме во општеството. Сега општеството треба да ја подаде раката кон нас, затоа што ние 30 години сме ја воделе борбата. Јас сум седела дома и сум везела албански носии со срма само за да бидам дома да можам да го испратам и да го дочекам“ вели Жаклина Крстевска, родител на лице со попреченост

Од кабинетот на Народниот правобранител велат дека Македонија во 2011 ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, но за жал нема придвижување кон подобар систем за овие луѓе.

Реклама

„Сметаме дека овие предизвици се долготрајни како и системски и укажуваме на системско унапредување на правата на лицата со попреченост, почнувајќи од пристапноста на образованието, здравствената заштита, социјалната заштата, пред се вработувањето при што ососбено го ставаме акцентот на вклучувањето на лицата со попреченост во креирањето на донесувањето на одлуки“ вели Васка Бајрамовска – Мустафа, државен советник кај Народниот правобранител

Од организацијата ХЕРА велат дека промената во општеството настанува кога ќе ги слушнеме проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост.

„Секое лице со попреченост има права, зборуваме дека треба да има и пристап за да ги ужива тие права. Пристапот значи – пристапни институции, услуги во социјалната заедница. Сите сакаме да апелираме кон допристапноста и на информациите и на институциите и на услугите“ вели Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА

На 3-ти Декември е Меѓународен ден на лицата со попреченост. Според последните статистики во Македонија има 10% или околку 200.000 жители кои се со инвалидитет.

Давид Крстевски