Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Луѓе на ДУИ молеле кај Христијан Мицкоски: Мендух Тачи се закани дека ќе прозбори- на што се бил подготвен Али Ахмети само да биде во Влада?!

Луѓе на Али Ахмети молеле кај Христијан Мицкоски ДУИ да остане во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓе на Али Ахмети молеле кај Христијан Мицкоски ДУИ да остане во власта, но биле одбиени. Биле подготвени да се откажат и од позицијата собраниски спикер, само за да бидат дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Освен политичари, имало и бизнисмени, но и луѓе од соседна Албанија. Поранешниот партнер на Ахмети, Мендух Тачи од ДПА се закани – ако продолжат манипулациите на интегративците, јавно ќе обелодени со имиња и презимиња кои се тие луѓе.

-Ако отворат уста, уште еден збор, тогаш на следниот јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, и како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот, изјави Тачи.

Тачи вели дека се кае што воопшто влегол во „Европскиот фронт„, кој сега го напушти, и дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за разлика од премиерот Мицкоски, бил тој што го прекршил дадениот збор. Потенцираше дека го почитува Мицкоски, бидејќи го исполнил ветувањето да не го земе Ахмети во власта.

Реклама

-Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт. Затоа што јас сум таков, кога ќе се договорам, останувам до крај на договорот. И мислам дека мажите и жените кои не остануваат до крај на договорот се нечесни, изјави Тачи.

Со оваа изјава Тачи поврди дека емисари имало за можно учество на Амети во власта, но тие не биле од ВМРО-ДПМНЕ како што тврдеа интегративците, туку токму од ДУИ. Само за да бидат во власта, очигледно биле подготвени да прифатат драстично многу помалку од она што го имаа во владеењето со СДСМ, кога речиси сите клучни расори, како надворешни работи, финансии, економија, образование, беа во нивни раце.

И претходно имаше информации, дека ДУИ биле подготвени да прифатат многу помалку од тоа што имаа, само да бидат власт. Сепак сега обидуваат да продаваат други тези, дека преку емисари им пристигнувале пораки по локалното изборно соочување да бидат дел од Владата, како и дека ќе имало предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека предвремени избори нема да има и дека интегративците се користат со евтини трикови, со цел прикривање на паниката пред сигурниот изборен пораз.

Матеја Петровски