Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Прилози

Локалната власт во Охрид со планови за инвестиции, но и за расчистување на наследените долгови

Удавени во долгови, јавните претпријатија во Охрид се најголем проблем кој општината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Удавени во долгови, јавните претпријатија во Охрид се најголем проблем кој општината го наследила од претходната локална власт. Своевремено тогаш актуелните директори на сите јавни претпријатија, успеале да направат милионски долгови изразени во евра.До овој момент вкупниот долг на ситеопштински јавни претпријатија изнесува 497 милиони 600.000 денари или околу 8 милиони евра.Повеќе од половина од вкупната сума, е долг на јавното претпријатие “Водовод.” Судбината на ова претпријатие кое го снабдува градот со вода е неизвесна бидејќи должи  приближно 5 милиони евра.Потоа следи ЈП „Билјанини извори“ со долг од еден милион и 200.000 евра. Трет е „Охридски комуналец“ со долг од  978.000 евра.Иако  „Нискоградба“ е единственото претпријатие со одблокирана жиро сметка и тоа должи 762.000 евра.  „Градски пазар“ се соочува со долг од  39.000 евра. Најмалку должат  „Градски гробишта“ – 16.000 евра.

Многу е тешко да се работи со блокирана жиро сметка и да се реализираат проекти, дополнителна тежина е што блокираните јавни претпријатија работат со судска финансиска рамка.Иако последниве години повеќето работат со позитивно салдо и постепено го намалуваат долгот, тој сеуште е висок. Градоначалникот Пецаков,отворено коментирајќи ги приликите кои ги затекнал,додава дека единствен излез гледа во намалување на бројот на јавните претпријатија.Тоа за него е најголем предизвик со кој ќе се фати во костец.

 “Главните работи што сакам да ги направам е намалува на бројот на јавните претпријатија и намалување како и рационализација на трошоците на јавните претпријатија.Како што ја одблокиравме општината, така да ги ставиме и сите останати јавни претпријатија во функција”-вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Реклама

Оштината Охрид која повеќе од деценија работеше со блокирана жиро сметка и олесната општинска каса,повеќе нема долгови.Тоа значи дека горешивме најгорливиот проблем на општината и успеавме да го завршиме процесот на раздолжување,вели Пецаков.

 “Од денешен аспект општина Охрид е со одблокирана жиро сметка и во наредната година пренесуваме 227 милиони денари или околу 4 милони евра што е огромен успех за нас и застанување конечно на општината на здрави нозе.Што значи реализирање на многу инфраструктурни проекти без никаква помош од владата  или од било кое министерство”-вели Пецаков

Изградбата на катна гаража и целосно нов лик на проштадот Крушевска република кај Чинарот се двата проекти кои Пецаков најави дека ќе ги реализира до крајот на овој градоначалнички мандат. Обновата на плоштадот „Крушевска Република” е капитален проект вреден 47 милиони денари. Според нацртот, плоштадот треба да добие модерен изглед со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана,многу садници и клупи.

Росица Голабоска