Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Лога и натаму контра Мицкоски за распуштање на судскиот и обвинителскиот совет

Министерот Кренар Лога во заминување го смени ставот за 360 степени за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Кренар Лога во заминување го смени ставот за 360 степени за членовите на двете највисоки тела во правосудниот систем, советите на судиите и на обвинителите. Ова не е нова инфомација, но министерот ја повтори на последниот брифинг со новинарите, пред да си замине од функцијата. До пред една година самиот им сугерираше да си се самоспуштат по сите скандали изминативе години, a сега тврди дека нивното распуштање се загрозува судската независност.

Откако новиот мандатар најави распуштање и реформи, сега истите членови според Лога треба да си ги задржат фотелјите. После критиката од Христијан Мицкоски дека како министер требал повеќе да се грижи за довербата во правосудството отколку да гледа Зајас да биде плодна почва за кадри во обвинителството и судството, Лога е дециден: тврди дека откако е министер, ВМРО ДПМНЕ имале покана за да учествуваат во сите работни групи на министеството, но тие никогаш не дошле.

Реклама

Тој на брифингот со новинарите предочи две пресуди од меѓународен и домашен суд, за да го поткрепи својот став дека ниту една реформа не смее да го запре мандатот на именуваните функционери. Едната е пресуда за незаконско разрешување што ја добил полски судија, бидејќи му бил запрен мандатот поради избор на нови 15 членови во советот – за што подоцна добил и оштета.

Другата е од Управен суд за разрешувањето на Ирена Брзанова, директорката на Комисијата за одлучување во управна постапка во втор степен, која според одлуката незаконски е разрешена додека и течел мандатот од 5 години.

Лога е уверен дека министерството има три стратешки документи кои се запечатени со ЕУ-препораки.

Кренар Лога, според новинарите, е до сега најтранспарентен министер за правда.

Тој по 26 јуни најави фомирање на невладина организација преку која будно ќе ги следи сите чекори на новата власт во правосудниот систем.

Неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ од редовите на СДСМ се враќа на старата позиција како советник во Судскиот совет.