Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Листи на чекање во детските градинки во Штип

Родителите на околу 50дечиња мака мачат за да ги запишат  во една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите на околу 50дечиња мака мачат за да ги запишат  во една од двете градинки во Штип. Недостатокот на кадар, е причина да се создаде и листа на чекање.

Поради стопирање на процесот за издавање на лиценци за негователки и воспитувачки, повеќе од две и пол години не може да се пополнат испразнетите работни места. Во двете градинки недостасуваат над 80 негователки, воспитувачки, како и технички кадар.

 „Се надеваме дека министерството ќе излезе во пресрет и ќе ги даде потребните дозволи за нов кадар коишто ќе работи со дечињата. Мора да нагласам дека во последните две и пол години не беа дадени ниту една согласност за вработување на кадар кои ни е неопходен во градиките и покрај тоа што голем дел од вработените заминуваат во пензија и местата не се пополнуваат„ изјави Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип.

Реклама

Најголем проблем се јавува во јасли, каде законот не дозволува групите да примаат деца над дозволеното.

„Законската регулатива наложува децата на мала возраст да бидат сместени во мали групи, такашто децата до една година можат да бидат во група од 6 до 8 дечиња. Децата кои се над 5 годишна возраст можат да бидат дваесетина во група. Апсолутно сме немоќни да направиме нешто повеќе или да го зголемиме бројот„ изјави Санева.

Од општината потенцираат дека се планира изградба на уште една градинка , а во меѓувреме се уште чекат согласност за отпочнување со работа на градинката во населбата „Три Чешми“. Проблемот со недостатокот на кадар го имат речиси сите градинки во државата. Се претпоставува дека се потребни над 1000негователки, воспитувачки, како и технички кадар. 

Александра Ристевска