Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

„Лист продукција“ со фалсификат документи испумпала пари од Агенција за филм

„Лист продукција“, во сопственост на невенчаната сопруга на режисерот Игор Иванов –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Лист продукција“, во сопственост на невенчаната сопруга на режисерот Игор Иванов – Изи, Марија Димитрова, е под сомнеж дека земала државни пари со фалисификат документ. На скандалите во Агенцијата за филм им нема крај. Според истражувањето на ТВ Алфа, по 2017та, оваа институција очигледно влегла во лажен филм дека е над законите. Покрај десетиците сомнежи за незаконско делење на народни пари, судир на интереси и непочитување на законот, според надзорниот извешатај на Министерството за култура, тие толерирале и апликации за продукција на филмови, кои соддржеле фалсификувани документи.

  • „Иако инспекторот утврдил дека филмскиот продуцент „Лист продукција“ доставил неточни податоци, односно дал изјава со невистинита соддржина, Управниот одбор на Агенцијата за филм ниту расправал за потребата од преземање на конкретни дејствија за давањето изјава со невистинита соддржина од страна на филмскиот продуцент, ниту пак донел некаква одлука во однос на овој продуцент“ – Пишува во надзорениот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Инспекторите од Култура утврдиле дека, со цел правата од филмот „Сестра“ да преминат од режисерот Дина Дума, кај „Лист продукција“, во прашалникот навеле неточни податоци за да го изиграат законот за филмска дејност. Во документот пишува дека тоа се случувало бидејќи дел од продуциските куќи биле повластени. Па така, за наводното давање изјава со невистинита соддржина на продуцентската куќа „Банана филм“, управниот одбор на агенцијата во 2023та решила да се запре финансирањето на сите проекти на оваа продукциска куќа во сопственост на Милчо Манчевски.

  • „Ваквите постапки упатуваат на очигледна селективност при постапувањето на управниот одбор на Агенцијата за филм при носењето одлуки кои се однесуваат на различни продуцентски куќи, со што се нарушува основниот принцип на еднаква примена на законите кон сите прдуцентски куќи.“ – Стои во извештајот од култура.

Од Алфа ТВ испративме и барање за став со компнијата „Лист продукција“, но одговор не добивме.

Реклама

Инаку, оваа компанија, во сопственост на Марија Димитрова, партнерка на Игор Иванов – Изи, од основањето на Агенцијата за филм, односно изминатите безмалку 10 години, од државниот буџет инкасирале околу 85 милони денари, односно скоро 1,4 милиони евра. Успеси на конкурсите имаат особено по 2017та, кога некои години добивале поддршка и за повеќе од еден проект, а особено плодна им била 2022та, кога се закитиле со 44 милиони денари од државниот буџет, за филм насловен „Белиот“, во режија на Игор Ивановски – Изи.

Никола Цветкоски