Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Лишени од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозволаа

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две лица во Гостивар и по едно лице во општина Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол, посочуваат од МВР.

Од Министерството најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Реклама

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со порака сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.