Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Левица со двојни стандарди – едно викаа пред четри години, друго сега

Кога не беа директно засегнати, моралот беше основа на политичкото дејствување. Но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога не беа директно засегнати, моралот беше основа на политичкото дејствување. Но кога истите околности ги зафатија нивните редови – стандардите тивко се променија.

Во 2021 година, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно ги прозва сите пратеници што изгубиле на локалните избори, а останале во пратеничките клупи. Го цитираше „Редот на честа“ од римската етика – хиерархиски принцип според кој, ако не си достоен за пониска функција, не си достоен ниту за повисока.

„Ред е да си заминете од законодавниот дом,“ пишуваше тогаш Апасиев. „Спротивното значи дека вашите лични интереси ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава.“

Реклама

Но само четири години подоцна, ситуацијата се менува – и со неа, и ставовите на Левица.

Нивниот кандидат за градоначалник на Скопје – пратеникот Амар Мециновиќ – изгуби на изборите, но останува во Собранието. Го прашавме Апасиев дали, согласно принципите што ги проповедаше, ќе побара оставка од Мециновиќ.

Апасиев само кусо ни пиша –

„Имам и објава дека сите преседани ќе им ги удриме од глава.“

Нема повик, нема оставка – само молк и кратка фраза што отвора прашања.

Претходно медиумите го прашаа и Мециновиќ дали Левица ќе си остане доследна на зборот , па како што повикуваа тогаш на оставки дали ќе го почитуваат и во сопствениот двор, но Мециновиќ  кажа дека останува во парламетот и имал легитимитет оти народот го гласал.

„Сè уште сум пратеник. Тоа е затоа што ние правиме разлика меѓу политички и правни преседани. Ние не сме маченици, не сме пророци,“ вели тој.

Но, токму во 2021 година, Левица не правеше таква разлика. Напротив, ја претставуваше моралната надмоќ како политичка обврска.

Прашањето што останува – дали политичкиот морал важи само кога е политички погоден?

Од „Ред на честа“ до „ред на тишина“ – Левица денес се соочува со својот сопствен преседан.