Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Македонија

🎥 Лекарите алармираат: Скопскиот воздух го влошува здравјето на децата бремените и хронично болните

Дишењето на токсичниот воздух во Скопје најскапо ќе ги чини хронично болните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дишењето на токсичниот воздух во Скопје најскапо ќе ги чини хронично болните бремените жени и децата. Загадувањето од Дрисла и Вардариште не само што е штетно туку е и причина пациентите со хронични заболувања да добијат потешка клиничка слика и да завршат под медицицински третман – алармираат лекарите.Клиниката за Пулмологија секојдневно има по повеќе од 50-на пациенти кои бараат лекарска помош поради отежнато дишење и кашлица, од тие 20% се луѓе кои доаѓаат прв пат на клиниката откриваат пулмолозите. Најзагрозена категорија од штетните ПМ10 честички се децата, педијатрите бараат итни мерки за намалување на загадувањето.

Честичките на загадениот воздух доаѓаат и до неродените бебиња, а ниту утробата на мајката не може да го заштити фетусот од отровниот воздух. Гинеколозите алармираат дека бремените жени кои живеат во средини со високо ниво на загаденост, имаат поголема веројатност за предвремено породување. Апелираат до сите идни мајки на поголема внимателност не само од загадувањето туку од пушењето на цигари.

Апелот од докторите за борбата против аерозагадувањето е граѓаните да проветруваат во дел од денот кога воздухот е со нормални параметри, да стават соодветни маски за превенција и доколку можат да останат дома, миење на лицето по престој надвор и користење на клима уреди со технологија за прочистување на воздухот на повеќе нивоа.  Децата треба да бидат што повеќе надвор од урбаната средина затоа што нивниот имунолошки систем се уште се развива.