Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Лефков: СДСМ брани корумпирано обвинителство и судство

СДС брани корумпирано обвинителство и судство. Вчера заменик претседателката на СДС јасно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС брани корумпирано обвинителство и судство. Вчера заменик претседателката на СДС јасно ги поддржа судиите и обвинителите заради кои довербата во правосудството е 2%, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС ги поддржува судиите и обвинителите кои сами ги бираа, а кои му овозможија на Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово.

СДС се стави на страна на судиите и обвинителите кои го ослободија убиецот на Фросина, на оние кои под влијание на Наќе Георгиев и Иџет Мемети за пари му пресудија поблага казна на Боро Марлборо.

Реклама

СДС јасно застана во одбрана на корумпираниот апарат во судството и обвинителството, затоа што така знаат дека нема да одговараат за криминалот кој го направиле.

Потребни се реални реформи во судството и обвинителството“, потенцира Лефков.

Со кадрите на СДС и ДУИ во судството и обвинителството, кои чекаат да дојде предмет против нивните шефови за да го отфрлат или закочат не се гради доверба во судството и обвинителството, рече Лафков.