Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Лефков: Предлог буџетот за 2025 година има за цел да обезбеди економска консолидација, стабилност, раст и развој на Македонија

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков кој што истакна овој предлог буџет е предложен во согласност со стратегиите за економски раст, изјавата за финансиска усогласеност и фискалната консолидација.

Тој нагласи дека предлог буџетот претставува предлог стратегија која има за цел да обезбеди стабилност, раст, прогрес, како и дека предлог буџетот претставува стратегија која треба да обезбеди намалување на буџетскиот дефицит, ефикасно прибирање средства но и ефикасно трошење.

„Треба да биде развоен и претставува развоен документ со соодветна социјална компонента. Важно е за еден буџет да имаме правилно проектирани, соодветно планирана приходна страна и соодветно планирана расходна страна. И како вовед добро е да се каже уште веднаш дека за следната фискална 2025 во предлог буџетот на страна на буџетски приходи е планирано да се постигне 358,8 милијарди денари наплата, која би значела приближно 13% раст во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот за 2024 година и истиот би изнесувал 40,7 милијарди денари повеќе средства“ рече Лефков.

Реклама

Тој истакна дека најголемата компонента на овој буџет е даночните приходи и придонеси да се зголемат од кои би се постигнала зголемена наплата на даночните приходи, и нагласи дека изминатата 2024 година била карактеризирана како година во која со институциите и со републичкиот буџет располагале три влади.

„Најголемата компонента е даночните приходи и придонеси се планира да се зголемат за 35 милијарди денари од кои би се постигнала зголемена наплата на даночни приходи за 23,1 милијарда денари во споредба со буџетското планирање од оваа година додека се очекува зголемено остварување по однос на социјални придонеси во износ од 11,9 милијарди денари. Изминатата 2024 ја карактеризираат како година во која со институциите и со републичкиот буџет располагаат три влади најпрвин владата која ги донесе најкатастрофалните економски резултати во историјата, владата која оствари огромен јавен долг и просечен економски раст од 1,2 и 1,3 проценти во годините додека управуваше со државниот буџет и со институциите, нејзиниот наследник техничката влада, и новоизбраната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, додаде Лефков.