Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов јавен обвинител, истакнувајќи дека судството е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„Судството е еден од големите предизвици со коишто се зафати оваа Влада, истражувањата знаете 2% доверба и огромната недоверба во судството претставуваше значаен проект со кој требаше да се зафати оваа Влада и затоа реформите во судството се дел од реформската агенда, како што рековме Законот за судски совет којшто го  поминавме и усогласен со препораките од Европската комисија и со Венецијанската комисија понатаму во овој пакет е и Законот за јавни обвинители и нови правила за избор на јавни обвинители“, вели Лефков.

Пратеникот Лефков во емисијата истакна дека измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор се од суштинско значење за зголемување на одговорноста и транспарентноста на судството.

Реклама

„Ние покажавме во изминатиот период дека одговорен за состојбите во јавното обвинителство и тоа според Законот за јавни обвинители е токму јавниот обвинител, и со таквиот пристап којшто го имаме конечно се повикуваат на одговорност дека треба да се грижат за уледот на институцијата која што ја водат, а ќе ве потсетам дека и извештаите што ги доставуваа и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители беа само налик на одредени статистички истражувања во кои се нотираше број на предмети по кои се постапувало без навистина да се влегува во содржината и суштината. Со овие измени на Законот за јавни обвинители како и со менување и нови правила на избор на јавни обвинители ќе треба да се зголеми одговорноста, транспарентноста, меѓутоа и самите критериуми за избор“, рече Лефков.