Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Лечење со донации наместо бесплатно европско здравство – лекарите кртитикуваат и бараат промени

Наместо ветуваното „Европско здравство“, во Македонија секојдневна пракса стана сограѓаните да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо ветуваното „Европско здравство“, во Македонија секојдневна пракса стана сограѓаните да ги лечиме со СМС пораки и донации. Последниот пример со младиот Леонид Иванов не смееше да се случи – бидејќи тоа е резултат на 10 годинишна реформска стагнација во македонскиот здравствен систем – Порачуваат лекарите, кои велат дека на министрите за здравство им е поважно да се сликаат, отколку сериозно да сработат нешто во корист на пациентите. Дополнителен проблем е вработувањето по етнички клуч, што прави, дури и лекарите да се плашат да се лекуваат во клиникте од македонското јавно здравство.

  • „Министрите како доаѓаат, повеќе се сликаат отколу што работат. Јас многу повеќе би била среќна, сигурно и целокупниот народ, кога тие министри помалку би се сликале, а повеќе би работеле со здруженија и со невладин секотор“ – Порача докторката Лидија Чолакова Дервишова.
  • „Во моментов сме во ситуација, каде што на осигурениците на фондот им е кажано дека добиваат се, што практично на терен не се случува. Ви следи компјутер, магнет, операција… Само на хартија.“ – Појасни доктор Ненад Лазаров.

Реакциите на лекарската фела доѓаат откако вчера, како од фондот за здравство, така и од министерството се растрчаа да делат изговори и да се правдаат, зошто го пратија младиот Леонид Иванов со државен хеликоптер во Австрија, за потоа да не му го платат тамошното лекување.

Лекарите велат има многу решенија, но, на секое мора да му претходи целосен ремонт на македонскиот здравствен систем, кој е трул, со широко метастазирана корупција и непотизам. Мора се да почне од почеток.

Реклама
  • „Да се направи некаков фонд, на ниво на држава, со кој што би можеле сите граѓани да одвоиме сума. Сепак, фондот за здравство постои и е формиран од народни пари. Дали тоа, фондот ќе двои секој месец или да се договориме како би постоел систем, каде што секој граѓанин со висока свест би уплаќал во таков фонд“ – Истакна Дервишова.
  • „Треба да почнеме да носиме луѓе од запад. Можеби е прекрасна идеја, да почнеме да ги враќаме колегите од запад, бидејќи тоа се лекари кои што имаат екстензивно и повеќегодишно искуство на запад.“ – Порача Лазаров.

Челниците на фондот за здравство вчера порачаа дека, и покрај тоа што немало никаква значакна реформа со години, тие не се брзаат со нови иницијативи за промена. Велат, за да се прошири листата на состојби кои ги покрива државата, потребно е да се менува законот за здравствена заштита, што значи долги бирократски процедури.

Никола Цветкоски