Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Лебот поскапува за 10% најавија дел од компаниите

Дали мелничарите и продавачите ја испекоа новата цена на лебот? Граѓаните се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали мелничарите и продавачите ја испекоа новата цена на лебот? Граѓаните се сведоци на ценовен шок. Во дел од маркетите лебот преку ноќ поскапе за 10%.  Мелничарите се правдаат дека цените се зголемиле поради цената на пченицата на светските берзи како последица на руско – украинскиот конфликт. Граѓаните немаат заштита, оти владините мерки завршија во март, па оттогаш производдителите можат слободно да ја формираат цената.

„Веќе одредени компании го имаат зголемено лебот на пазарот, околу 10 % просечно. Причината за тоа е зголемувањето на цената на берзите во изминатите месец и половина. На светските берзи како во Америка така и во меѓународните пазари на Балканот се зголемија цените, со што допринесе и самите компании, според своите калкулации да ги зголемат цените. Но, со тек на времето тие почнале да се намалуваат па затоа и најверојатно одлучиле да ги покачат на 10% затоа што максималното зголемување беше на 25%“, вели претседателот на групацијата на мелничко пекарската индустрија, Горан Малишиќ.

Лошата вест е што ова ќе продолжи и во летниот период, а стабилизација се очекува дури од септември.  Малишиќ изрази оптимизам дека со почетокот на жетвата на пченицата, се очекува стабилизирање на цените на лебот и враќање на претходните нивоа.

Реклама

„Се очекува да се стабилизираат цените, да се намалат. Очекуваме да се стабилизираат околу септември. Потребата по глава на жител, Македонија е рангирана на 65 килограми брашно по глава на жител годишно, што е некаде по математика искалкулирано, негде над 200.000 тони пченица, без индустриски потреби. Нашето производство е некаде околу 65.000 тони просечно во изминатите години на пченица.  Македонија е зависна дали ќе увезе брашно или ќе увезе пченица за остатокот, на пример ако е пченица над 40.000 тони, ако е брашно е некаде околу 100.000 тони годишно. Така да ние сме увозно зависни. Ние произведуваме малце повеќе од 25% од нашите потреби“, вели Малишиќ.

Во вакви услови според производителите е неопходна поддршка од Владата во вид на субвенции за земјоделците.

„Пред 15 години, па би рекол и повеќе Македонија произведуваше, мислам откупните центри и продавниците преработувачките капацитети откупуваа годишно, околу 200.000 тони пченица. Значи се произведувало пред 15 години 20 години. Многу е битно ние како држава да бидеме стабилни и да имаме сопствена храна да не бидеме увозно зависни за основните суровини како што се пченицата брашното и друго. Така да може со подобри мерки со подобри стимулации“, вели Малишиќ.  

Алфа побара став и од Антимонополската комисија, дали можеби станува збор за договорено истовремено поскапување кое е забрането со законот за заштита на конкуренцијата. Оттаму велат дека цените ги формирал пазарот и дека може да поведат постапка само доколку утврдат злоупотреба на доминантната позиција на некоја компанија за што засега немало индиции.

Љубиша Владимиров