Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Лажните вести и паника во јавноста – експертите со критики за наративите на СДСМ

Постои, па излезе дека нема никаков договор со Британија за мигранти. Спинуваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постои, па излезе дека нема никаков договор со Британија за мигранти. Спинуваа дека немало пари за пензии и дека институциите не знаеле да се справат со пожарите. Се молчело за марихуаната и Македонија била диктатура по теркот на Венецуела, а во исто време властите конфискува десетици тони од фирми чии лиценци се добиени во време кога СДСМ и ДУИ беа на власт. Фабриката за лажни вести на „Бихачка“ од каде се пласираат ваквите измислени новинарски патки и свесно се пуштаат во јавноста, пукаат како меур од сапуница.

За познавачите ова не е нешто ново. Партијата веќе од поодамна ѝ стана добро позната на јавноста по ширењето „фејк њуз“. Прво ги фабрикуваат вестите, а потоа креираат хистерија и шират страв бидејќи само така може да ги затскријат изборните порази и слабиот рејтинг.

„Едноставно тоа е обид на СДСМ повторно да е факторизира и врати во жижата на случувањата, Значи ние гледаме фарсичен муабет со мигрантите, тоа беше пласирано строго од еден медиум, повеќе од очигледно, наменски во Велика Британија, за да се  направи една своевидна фама, за која цела политичка општествена јавност во Велика Британија и врв се изјасни дека такво нешто нема“, изјави аналитичарот Александар Ристески.

Реклама

Последните обиди за „фејк њуз“ се и случаите во кои СДСМ очајно се обидуваше да најде поврзаност меѓу „Алта банка“ и „Алфа“ телевизија, како и за наводно делување на српски служби во Македонија со цел да ја ослабнат опозицијата. За проектот „Сејф Сити“, тврдеа дека немал за функција да се намалат сообраќајќите, туку за наводен план на Владата за следење на опозициски пратеници и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Времето покажа дека најдобар дел од нив се само како што некој многумина популарно го користат деновиве, расфрлање на пердуви кој некој друг треба да ги собере. „Сејф Сити“ даде бенефит со самото тоа бројот на жртвите е драстично намален во исклучително краток период и од првите еден два дена каде што имавме над 100.000 прекршоци да се спуштите на рамка од 500 до 1000 прекршоци дневно е фантастично намалување на бројката“, изјави аналитичарот Александар Ристески.

На јавноста се уште ѝ се свежи и сеќавањата од лажните ветувања на поранешниот премиер Зоран Заев, кој иако се колнеше дека нема да го смени името, брзо потоа си го погази зборот. Потоа следеше фотографијата од владиниот авион во кој власта на СДСМ и ДУИ ја убедуваа македонската јавност дека Македонија ги започнала преговорите со ЕУ и тоа не еднаш, туку повеќе пати. Според експертите за државата е многу важно да има стабилна опозиција која ќе биде коректор на власта, но со овој наратив и политика која ја води СДСМ дополнитело ја влошува својата позиција кај граѓаните кои лесно препознаваат манипулации и лажни вести.