Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

„Лажна надеж“ за пролонгирање: Само со Северна на пасош ќе можете надвор од Македонија

Лажна надеж за обичните луѓе е дека по 12-ти февруари без Северна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лажна надеж за обичните луѓе е дека по 12-ти февруари без Северна на пасошот, ќе можат да излезат од Македонија

Првиот човек на МНР смета дека пролонгирање на последниот рок за промена на патните исправи со новото име на државата било невозможна мисија, бидејќи покрај дозвола од Грција, треба да се менувал и законот за уставните измени.

-Јас мислам дека наместо да се концентрираме на давање лажна надеж на граѓаните, дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор, дека ќе го смениме законот за спроведување на уставните амандмани, треба да работиме граѓаните да немаат пречки после 13-ти февруари, да се забрза издавањето на пасоши, да се регулира прашањето, да почне налепниците да се лепат, вели првиот човек на МНР.

Реклама

Од друга страна премиерот и претседателот изразуваат малку оптимизам, но никој не сака да се јави кај грчките власти. Ковачевски на оваа тема комуницирал само со неговите министри, бидејќи според него обврската да се јави во Грција ја презел Пендаровски.

Од Кабинетот на Пендаровски пак велат дека тој не презел таква обврска, решавањето на овој проблем било во рацете на централната власт, претседателот само дал предлог за решавање на проблемот.

Инаку, откако граѓаните со денови мрзнеа на минусни температури чекајќи пред пунктовите со цел промена на личните документи, власта во пет за дванаесет се сети дека можело и поинаку да се реши, но само за личните карти. Ќе важат и по 12-ти февруари, но само за внатрешна употреба. Поради Преспанскиот договор, со пасош или лична карта без Северна, нема да можете никаде надвор од државата.

Матеја Петровски