Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %.

Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија. 
 
Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесувала 1 859 697 toe, по сектори: сообраќај – 47.6 %, домаќинства – 26.1 %, индустрија – 16.9 %, останати сектори – 8.4 %.

Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.