Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал

„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики.“

Ова го истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и истраги, Влатко Лакордов, на регионалниот состанок на фокални точки и координатори на Меѓуагенциските гранични единици од Југоисточна Европа, во рамки на Заедничката акција на Европската Унија и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) за промовирање на владеењето на правото и доброто управување преку засилени мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми во регионот.

„Овие предизвици бараат од нас да бидеме не само контролен орган, туку и аналитички, превентивен и оперативно-ефикасен безбедносен систем. Соработката не е опција – таа е предуслов за успех“ истакна Лакордов.

Реклама

Преку навремена реакција на Меѓуагенциските гранични единици, само во делот на заложбите за спречување нелегална трговија со тутун и тутунски производи на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје запленети се 682 штеки цигари, 29 килограми тутун за наргиле и 18 килограми режан тутун од патници кои се обиделе нелегално да ги пренесат кон Лондон.

Во два последни случаи, преку профилирање на сомнителни патници и размена на информации, спречени се обиди за шверц на вкупно 162 штеки цигари, кои требало да бидат пренесени кон Лондон преку аеродромите во Белград и Приштина.