Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Кузеска: СДСМ ќе се спротистави на антидржавните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција.

Народот е вознемирен. И со право. Криминална власт заробена во корупција која секој ден ги лаже граѓаните се договара зад грбот на народот за штетни договори. Ова сериозна национална и државна тема, врзана пред се со безбедноста, стабилност и иднина на државата.

Ова ли е големата економска вест која Мицковски ја најавуваше со наводниот договор со Обединетотот Кралство? Дали за носење мигранти од Британија е направена проценка на безбедносна. Дали се предвидени ризиците и најважното дали имаме одговор на прашањето – Зошто Британија ги одбила, а ние би ги примиле ?

Реклама

Европската статистика е брутална! Дали Мaкедонија и граѓаните од демографски аспект се спремни да кажат добредојде на мигранти, дали не се следи трендот кој постои во повеќе европски земји каде што за жал поради лошо спроведени политики наместо интеграција на мигранти се случива зголемување на криминал, немирите, насилствата.

Развиени и финансиски силни европски дрѓави Шведска, Британија, Германија, имаат огромен проблем да се справат со овој предизвик, нивните граѓани протестираат секојдневно за овие проблеми.

Британија има прва проблем со мигрантите кој трае предолго. Ако овие високо развиени земји не можат да се справат со проблемот нема да може ниту Македонија. Ова општество НЕ МОЖЕ да го издржи ова. Нема цена што треба да се плати!

Проблемот на луѓето што бегаат од војни и сиромаштија Македонија за жал, не може да го реши.

На британските национални телевизии, аналитичарите веќе ја споменуваат Македонија како држава која може трајно да прими дел од мигрантите. Мицкоски и ДПМНЕ со нивните политики ги бркаат младите Македонци од државата а сега планира да носи мигранти од трети земји.

Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти? Никој! СДСМ со целиот свој капацитет ќе се спротивстави на овие анти државни политики на Мицкоски и ДПМНЕ. Ги повикуваме граѓаните заедно да се противставиме, за Македонија се работи! Не за антимакедонските политики на ДПМНЕ во Македонија!