Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Кузеска: Ако СДСМ прислушувала, декласифицирајте

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Случајот со АНБ која сакаа да го претстават како афера очигледно со месеци го спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им пукна како бомба во раката, нагласи на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, која  МИА ја објавува интегрално.

Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! 

Не чекајте ништо, не одолговлекувајте, не бегајте. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. 

Реклама

Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.

Од што се плашите?

Дали се плашите дека содржината на овие документи ќе ја разоткрие вистината – врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?

Дали е точно дека оперативната обработка која ја воделе АР и АНБ, а која власта упорно одбива да ја декласифицира, се однесува на откривање руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизација на државата?

Дали е точно дека Мицкоски, иако не бил цел на следење, влетал во комуникација со лица кои работат на дестабилизација на Македонија, финансирани со странски пари?

И најважното: дали дел од тие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?

Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако не се плашите.

Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации. 

Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.

Ова е чесна понуда од СДСМ – ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е: од што се плаши власта и Мицкоски?