Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Кумановскиот Црвен крст го одбележа Денот на Црвениот крст и крводарителството

По повод 17 Март, Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 17 Март, Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството,  Општинската организација на Црвениот крст- Куманово денеска организираше свечен настан, со цел афирмација на доброволното крводарителство и оддавање признание на сите кои континуирано придонесуваат во спасувањето човечки животи.

Во рамки на одбележувањето беа промовирани три видеа со крводарители, кои пренесоа порака за хуманата мисија на дарувањето крв. Преку лични искуства и сведоштва, дарителите го истакнаа чувството на одговорност и солидарност, но и свеста дека со едноставен гест може директно да се помогне во спасување нечиј живот.

Од куманвскиот Црвен крст доделија  22 благодарници на институции, компании и соработници и ја потенцираа важноста на  партнерството меѓу граѓанскиот сектор, јавните институции и приватните субјекти во обезбедувањето стабилен систем на доброволно крводарителство.

Реклама

Посебни плакети за 50 дарувања добија двајца крводарители, додека за 100 дарувања беа наградени уште двајца долгогодишни хуманисти. Дополнително, беа врачени признанија за поеднци за  5, 10 и 25 дарувања. Драган Стефановски доби благодарница за 100 дарувања. Тој дарува крв од 16 години.

-Цело семејство даруваме. Конкретно, јас од три до четири пати годишно дарувам и на акции, но и на повик. Нулта позитив сум, се надевам дека сум спасил повеќе животи, вели Стефановски кој неодамна се пензионирал.

Настанот беше посветен на хуманоста и солидарноста како темелни вредности на општеството, а воедно претставуваше можност да се потенцира значењето на редовното дарување крв во услови кога здравствениот систем има постојана потреба од стабилни резерви.

Од Црвениот крст оценуваат дека состојбата со крводарителството постепено се стабилизира по падот за време на пандемијата. Бројот на акции и интересот кај граѓаните повторно расте, но предизвик останува намалувањето на младата популација поради иселувањето.

Доктор Нухи Јусуфи, претседател на организацијата вели дека неопходно е дополнително да се работи на мотивација на нови дарители, како и на продлабочување на соработката со приватниот сектор и јавните установи. Воедно, тој посочува дека е потребно да се отвори  и прашањето за можни дополнителни бенефиции за крводарителите, со цел да се стимулира редовното дарување.